<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":246,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=246"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 6.2.3. Домување и јавни функции

6.2.3.1. Домување

          Основните концептуални појдовни точки за развој на домувањето во РСМ се:

            ·  Одржлив развој на домувањето, што подразбира сеопфатен развој и меѓусебно
          усогласување на елементите на економската, социјалната и културната одржливост и
          заштитата на животната средина, насочен кон задоволување на потребите на
          сегашните и идните генерации  ;

            ·   Развој на секторот за домување, врз принципите на демократија, супсидијарност,
           интегративност (вертикална и хоризонтална) и партиципативност, усогласување со
          политиките на урбан и рурален развој и вреднување и поттикнување на социјалната
          вклученост и кохез ија;

            ·   Квалитет на домувањето кој е директно поврзан со квалитетот на животот и здравјето
          на жителите, по пат на утврдуваат одредени норми и стандарди за урбанистичко
         планирање и проектирање;

            ·   Воспоставување на урбанистичките нормативи кои се однесуваат на намена,
           типологија, густина на домување, компатибилност со други намени и придружни
         функции на домување, т.е. опремување на населбата со општествени и јавни функции
         и инфраструктура, потоа гол  емината на парцелите, растојанието помеѓу зградите,
          осончување, ориентацијата и сл.;

            ·  Примена на национални стандарди за проектирање на станбените згради и станови
          засновани на меѓународните стандарди со засилена контрола при издавањето
          одобренија за градба, особено во однос на структурата на становите, шемата за
          внатрешна организација, гол емината на станбените простории (површина и волумен),
           ориентација, осонченост и проветреност, решавање на сообраќајот во мирување и
          нормативите за пристапност за лицата со посебни потреби;

            ·   Посебни стандарди за домување во периурбаните (приградски) населби во однос на
          регулирање на главните сообраќајници со придружна инфраструктура, дефинирање
          на минимална површина на парцелата, организација на селското домаќинство и со
          параметри за градба на сите објекти (станбени, земјоделски и составни);

            ·   Почитување на дополнителни барања, поврзани со енергетската ефикасност,
          зелената архитектура, јаглеродниот отпечаток и паметните згради;

            ·   Соодветно домување достапно за сите граѓани, со развиен државен систем на
          станбена поддршка за сите домаќинства со приоритет на социјално ранливите и други
           категории, како: млади брачни двојки, повеќечлени семејства со 3 или повеќе деца,
          самохрани родители  , лица со попреченост, лица со пречки за самостоен живот,
         припадници на војската и полицијата, преку субвенционирани цени на станови или
          кредитирање;

            ·  Избирање на локации за изградба на „социјални“ станови на јавно земјиште (локации
          на поранешни касарни, индустриски капацитети и т.н., под услов да ги исполнуваат
          еколошките услови со примена на соодветни мерки);

            ·   Регулирање и подобрување на постојните супстандардни населби на одржлив начин,
         и интегрирање во социо  -просторната рамка на урбаните/руралните населби без
         можност за натамошно ширење;



                                                                                 208
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":246}>>>
