<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":244,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=244"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

со исчезнатите клучни содржини и услуги, односно исполнување на минимални услови за
безбеден и квалитетен живот (предучилишни установи, основни училишта и здравствени
амбуланти). Овие планови ќе се работат со примена на специфични стандарди за урбаните
параметри (густина на градба, висина, растојание меѓу зградите, големина на парцела и сл.),
со оглед на тоа дека се работи за веќе изградени објекти. Посебно внимание треба да се
обрне на:

   ·   обезбедување на соодветна, особено сообраќајна инфраструктура;

   ·  решавање на проблеми со хазардни ситуации (несоодветни геолошки терени,
     свлечишта, поплави, пожари, локација под далноводи, близина до депонии итн.);

   ·   соодветна поделба и организација на земјиштето,        со примена на методи на
     консолидација, урбана преквалификација и урбана комасација,   имајќи предвид дека
     овие населби најчесто се формираат на земјоделско земјиште,    со повеќе објекти  на
     една катастарска парцела;

   ·   обезбедување на  локации за основни јавни намени (здравствен дом, училиште,
     градинка итн.), како и разгледување на влијанието на населбата врз животната средина
     и спроведување на нејзината интеграција во урбаното ткиво    .





                                                                              207
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":244}>>>
