<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":243,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=243"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

           ·   Поефикасно и рационално користење на земјиштето преку спречување на трајно
          уништување на продуктивните и екосистемските функции на земјиштето на големи
          површини, со креирање на плански решенија за зголемување на густината и
          компатибилност на намени, искори   стување на постојните празни и напуштени
          деловни/индустриски простори, поттикнување на повторно користење,
           ревитализација и активирање на кафеави (brownfield) локации   ;

           ·   Преиспитување на ефектите на постојните системи за управување со градежно
           земјиште, особено во однос на фондот на земјиштето на кое не е реализирана
          намената.

6.2.2.4.  Урбан идентитет

          Во согласност со дефинираните цели, планските решенија на просторниот развој од
    аспект на зачувување на урбаниот идентитет, вклучуваат:

           ·   Препознавање на вредните просторни елементи и целини кои се    дел од урбаниот
           идентитет и треба да се заштитат со планирање   ;

           ·   Просторно поврзување на валоризираните елементи на физичката и урбаната
            структура, со вклучување на локалитетите на културното наследство со нивното
          окружување;

           ·   „Брендирање“ на просторните целини со идентификуван урбан идентитет;
         дефинирање на културни подрачја и културни рути.

           За тие цели, неопходни се механизми на интегрирана заштита и управување со
    просторот. Брендирањето се однесува на населени места кои се препознаени и во секторот
    туризам и се поврзуваат со урбаните репери како важни одредници на нивниот идентитет:
    Скопје ( Скопско Кале, Стара скопска чаршија, централно градско јадро), Охрид (светско
    културно наследство, „прв словенски универзитет“, антички Лихнидос, „лулка на словенската
    писменост“, духовен и просветен центар), Битола („градот на конзулите“), Прилеп
    („престолнина на Крали Марко“), Крушево („градот на борбата за независност на
    македонскиот народ“), Велес („градот на мостовите“), Кратово (познато по мостовите и
    кулите), Кичево („процутот на македонската култура низ вековниот непокор“, како и групи
    објекти во Ст румица, Штип, Гостивар односно меморијални комплекси во Струга, Тетово,
    Берово. Посебно се потенцираат вредностите како што се градските силуети, амбиенти,
    верски објекти и средновековни кули, како и традиционалната архитектура. Во рамките на
    самите урбани населби, потребно е да се интензивира препознавањето, заштита и промоција
    на веќе заштитените просторни културно   -историски субјекти: градските центри, старите
    градски јадра, амбиенталните целини и чаршиите.

6.2.2.5.  Третман на бесправно изградени објекти

           Бесправната градба како длабоко вкоренет, долгогодишен проблем бара сериозен и
    повеќеслоен пристап, разработен сет политики, мерки и алатки, поширок опсег на строгост
    или толеранција, кои ќе се применуваат во зависност од локацијата, намената и типот на
    населба (рурална или урбана населбa, заштитено подрачје, централна зона или периферија),
    за изолирани/индивидуални случаи или за масовна појава, т.е. цела населба.

           Покрај законот за легализација за индивидуални објекти, кој мора да биде конечен и
    без можност за последователност т.е. нова регистрација на бесправно изградени објекти,
   решавањето на статусот на бесправно изградените (нелегални, непланирани, неформални)
    населби како сложен и комплициран проблем од социјален, економски, правен и културен
    аспект, е во изработка на планови за санација, со кои ќе се планираат и решаваат проблемите

                                                                                 206
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":243}>>>
