<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":242,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=242"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

          Во населените места од руралната периферија со слаба демографска динамика,
    неопходно е да се обезбеди пристап до основните услуги за повозрасната популација. И
    покрај депопулацијата, некои села кои исчезнуваат може да ги подобрат развојните
   можности низ це лосна промена или диверзификација на функциите: пренасочување на
    активностите од примарниот кон услужниот сектор (туризам и рекреација), обновување на
    традиционалните активности со воведување нови, комплементарни активности (еко              -
    туризам) и слично.

         Планирање на развојот

          Реалните очекувања се дека до 2040 година ќе има зајакнување на функциите,
    економскиот развој и нови интегративни улоги на одредени помали урбани центри, особено
    оние во урбаните подрачја и во агломерациите.

          Во регионалните просторни планови, со особено внимание треба да се третира
    метрополското подрачје, агломерациите и урбаните средини од регионално значење, од
    аспект на: попрецизно дефинирање на нивниот опфат, хиерархија на центрите и зајакнување
    на полицен тричноста, внатрешна инфраструктурна поврзаност, дистрибуција на функции и
    оптимизација на услугите, особено на јавните функции и институциите. Во локалните
    планови потребно е да се разработат локалните урбан урбани подрачја и да се воспостави
    хиерархија н а локални центри. Покрај развојот на центри со специфични функции, центри на
    заедници на населби и микро -развојни јадра, се промовира нов модел на локална рурална
    интеграција  - формирање на услужни или сервисни станици. Тоа се точки, пунктови на
    сообраќајно достапни локации во руралните средини кои се и јазли на пристапни патишта до
    селата. На овој начин кон станиците гравитира значително поголем број корисници на услуги,
    а услугите се достапни и за патниците во транзит, сезонските корисници итн. Погодни
    локации за услужните станици се покрај постоечките бензински пумпни станици, ресторани,
    како и јавни и административни објекти кои веќе се препознаени како јазли. Услугите што ги
    нудат овие станици зависат од специфичните потреби на населението и условите на   теренот,
    а најчести се: продавница, откупна станица, АТМ/пошта, пункт на локалната управа,
    амбуланта, ветеринарна амбуланта, училиште, градинка, итн. Сезонски, тие можат да служат
   и како истурени пунктови на полицијата, противпожарната служба, брзата помо    ш, горско -
    спасителните служби, претпријатијата за одржување на патиштата, инспекциските служби
    итн. Работата на станиците може да биде периодична, сезонска или постојана и може да се
    организира во мултифункционални објекти.

6.2.2.3.  Одржлив просторен развој и користење на земјиштето

         Во услови на сè поактуелни модели/концепти за одржливо користење на земјиштето,
    „без нето зафаќање“ и концепти за обезбедување на сигурност на храната, спречување на
    деградација на земјоделското земјиште итн., неопходно е во планирањето да се вклучи
    идентификацијата на подрачја со висококвалитетно земјиште за производни цели на
    стратешко ниво:

           ·   Насочување на изградба кон земјиште од маргинално значење за земјоделството (од
          шестата и повисока бонитетна класа);

           ·   Заштита на земјоделското земјиште како долгорочен приоритет и з      апирање на
           стихијното и „нето“ зафаќање на шумско и земјоделско земјиште, освен  за активности
         и инвестиции од јавен интерес ;



                                                                                 205
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":242}>>>
