<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":240,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=240"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


                                                      Демир Капија, Кратово, Кочани, Берово,
                                                                  Пехчево, Куманово
                Отворени урбани ткива со                        Охрид, Струмица, Скопје, Кавадарци,
                преовладувачко                   20 – 50       Прилеп, Неготино, Битола, Велес,
Ниска густина
               индивидуално домување и        жители/ha     Пробиштип, Радовош, Македонски Брод,
                ограничени јавни функции                          Ресен, Гостивар
             Мешани урбани зони со
Средна          станбени блокови, трговија и       50 – 120
                                                                Тетово
густина           јавни функции во пешачка         жители/ha
                 достапност
                Компактни градски центри со
Висока          повеќекатни згради, мешано       120 – 250
                                                                                 /
густина         домување и висока               жители/ha
                 активност
                  Густо изградено градско
Многу висока     јадро, високи катности,              > 250
                                                                                 /
густина          интензивна комерцијална и       жители/ha
                  јавна намена

      Селски населби

       Главни карактеристики на мрежатa на населби во Државата се нерамномерната
просторна распределба на населението со доминација на мали рурални населби, што
резултира со сложена и хиерархиски недоволно структурирана мрежа на населби. Според
податоците од Попи сот од 2021 година, околу 39% од вкупното население на РСМ живеело
во рурални средини. Генерално, руралните области се изложени на негативни демографски
движења со евидентна демографска фрагментација на населбите, последица на
долгогодишното иселување на н      аселението. Стопанството главно се базира на
земјоделството, кое во ретки случаи има интензивен и пазарно ориентиран карактер. Во
просторно -функционалната организација се забележува диспаритет помеѓу
градовите/општинските центри и околните рурални населби.          Новите концепти ја
истакнуваат условеноста и поврзаноста на урбаните и руралните подрачја и имаат сè
поголемо влијание врз диференцијацијата, интеграцијата, планирањето и рационалното
организирање на просторот. Имајќи ги предвид различните карактеристики     и услови на
создавање на населби, неопходен е диференциран пристап кон развојот на урбано                -
руралните врски и трансформацијата на мрежата на рурални населби.

       Врз основа на постигнатите урбано  -рурално врски, може да се идентификуваат три
типа области:

      Периурбаните подрачја   претставуваат простор со мешани елементи на урбан и
рурален начин на живот, поголем прилив на население и мешано користење на земјиштето.
Во однос на другите рурални средини, периурбаните подрачја се карактеризираат со
поголем број жители, поволна структу ра на населението, подобра достапност до функциите,
поголемо учество на миграциската компонента во демографскиот развој, поради што имаат
повеќе урбан отколку рурален карактер. Приградските населби се атрактивна дестинација
за мигрантите поради поповолните   услови за живеење, организацијата на просторот за
живеење, пониските цени на земјиштето и можностите за индивидуална изградба на станови
и други објекти. Во оваа категорија области, најголемо учество имаат населбите од
приградски карактер кои се дел од Ск опската метропола (делови од општините Сарај, Ѓорче
Петров, Шуто Оризари, Гази Баба, Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште,
Студеничани и Чучер -Сандево). Периурбаните населби претставуваат континуирана зона на
позитивни демографски и функционал  ни карактеристики, што го нагласува значењето на


                                                                              203
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":240}>>>
