<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":237,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=237"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


     Агломерација Скопје*           Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче
                                       Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела
                                        вода, Куманово, Липково, Петровец, Сарај,                97              720.336
                                    Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер
                                      Сандево, Шуто Оризари.

     Агломерација Тетово               -   Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар,
                                                                                        98              184.514
     Гостивар*                     Желино, Јегуновце, Теарце, Тетово

     Aгломерација Куманово*         Арачиново, Илинден, Липково, Куманово, Старо
                                                                                        40              134.701
                                    Нагоричане

     Aгломерација Битола -Прилеп    Битола, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани,
                                    Крушево, Македонски Брод, Могила, Новаци,              148
                                                                                                               170.276
                                  Прилеп

     Aгломерација Охрид -Струга      Вевчани, Дебрца, Охрид, Струга
                                                                                         41
                                                                                                                 83.838

     Aгломерација Струмица          Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш,
                                                                                        60               78.213
                                   Струмица

     Урбано подрачје Штип           Карбинци, Штип                                       9               41.092

     Урбано подрачје Велес           Велес                                                4               38.482

     Урбано подрачје Кавадарци  -     Градско, Кавадарци, Неготино, Росоман
                                                                                        23              52.620
     Неготино

     Урбано подрачје Кочани          Виница, Зрновци, Кочани, Чешиново Облешево             16               35.243

     Урбано подрачје Гевгелија        Богданци, Гевгелија                                    8               24.114

     Урбано подрачје Кичево          Кичево, Пласница                                     38               27.084

     Центри во рурално               Валандово, Берово, Пехчево, Ресен, Крива Паланка,
     опкружување                   Дебар, Св. Николе, Кратово, Делчево, Македонска                                                                                         12              94.578
                                    Каменица, Демир Капија, Пробиштип


     Вкупно                                                                             927             1.552.492

     Неинтегрирани подрачја                                                             865             20831

    *Агломерации во градското подрачје Скопје

          Во однос на планските региони, просторно      -функционалната, морфолошката и
    хиерархиската структура на урбаниот систем е сложена, особено во оние области чии зони
    на влијание се преклопуваат.

6.2.2.2.  Хиерархија на центри во урбаниот систем

          Дефинираната морфологија на урбаниот систем резултира со следната хиерархија на
    центри:

      1.  Центар на метрополско подрачје    (повеќе од 500.000 жители    ): Скопје  - центар од
        национално и меѓународно значење;

      2.  Центри на агломерации  (33.000 -150.000 жители): Куманово, Битола, Прилеп, Тетово,
          Гостивар, Охрид, Струга и Струмица;

      3.   Регионални центри  - центри на урбани подрачја со 15.000 -45.000 жители: Штип, Велес,
         Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Кичево и Кочани;

      4.  Субрегионални центри на урбани средини и агломерации    (2.000 -15.000 жители) со
          значајна улога во управувањето и обезбедувањето услуги во одредени делови од
         агломерацијата или урбаното подрачје, кои не се центри на агломерации или
         регионални центри. Тука спаѓаат градските населби: Радовиш, Виница, Богданци,
         Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар и

      5.  Локални центри  (2.000 -15.000 жители)  - центри на мали урбани средини во рурална
         средина. За разлика од субрегионалните центри, локалните центри не се вклучени во


                                                                                 200
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":237}>>>
