<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":236,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=236"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      овој тип на системи се: Тетово   -Гостивар, Битола -Прилеп, Куманово, Охрид -Струга и
     Струмица. Агломерацијата формирана од  урбаните центри Тетово и Гостивар  зафаќа
     простор од 493 km   2 која интегрира околу 227.000 жители и    комплетно влегува во
     метрополското  подрачје на Скопје.   Агломерацијата  Битол а-Прилеп е со  зона на
     влијание која опфаќа повеќе од 190.000 жители. Потенцијално, овие агломерации
     можат да бидат носители на идниот порамномерен и урамнотежен развој на Државата .
     Неопходна им е подобра инфраструктурна опременост, како и проширување на
     асортиманот на услуги,  со акцент на економијата на која и треба високо образована и
     квалитетна работна сила,  паралелно со развој на научно -истражувачките и техничко  -
     технолошките капацитети. Ова се предуслови за запирање на емиграциските трендови
     кон метропол ското подрачје .

 3.  Урбаните подрачја    се урбани населби функционално вмрежени со нивн         ото
     окружување . Формирани се од урбани јадра со повисок степен на централ       итет и
     функционално компатибилни околни населби. Иако се изложени на негативни
     демографски тенденции, тие имаат поголема вработеност на работна сила во
     неземјоделските дејности и релативно развиена дневна миграција на работната сила.
     Урбаните центри -седишта на урбаните средини, во минатото имале функции на полови
     на раст, а подоцна, некои од нив, полови    на развој. Тогаш е започнат процесот на
    ширење на урбаните влијанија од урбаните јадра во селата од нивната непосредна
     околина. Претставници на овој тип на урбани     порачја се Штип, Велес, Кавадарци    -
     Неготино, Кичево, Кочани   и Гевгелија со своите окружувања. Овие центри мора
     приоритетно да го подобрат својот функционален капацитет, особено во доменот на
     економијата, јавните услуги и институциите. Центрите на урбаните     подрачја се исто
      така загрозени од емиграција во градското подрачје.

 4.  Центрите во руралната средина   претставуваат  помали урбанизирани  простори во
     рурално окружување, надвор од урбаните подрачја и претставуваат локални центри на
     интеграција . Тие се создадени со локална концентрација на население и функци   и во
     помалите општински центри. Ова особено се однесува на пограничните општини кои се
     оддалечени од  значајните  развојни центри. Најголем дел од нив се центри на
     емиграциони општини кои не  поседувале функционален капацитет да го привлечат
     целото население од околните населени места, па населе       нието ослободено од
      земјоделството, се  исселувало во урбани населби со развиени функции. Типични
     примери се: Валандово, Берово -Пехчево, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Св. Николе,
     Кратово, Делчево, Македонска Каменица, Демир Капија, Пробиштип. Овие центри
     треба да се приспособат на сезонските флуктуации на бројот на корисници на
     просторот и да се фокусираат на п    роизводите и услугите што ги нуди руралната
     средина богата со ресурси, туристички потенцијал и претежно висококвалитетната
     животна средина.

    Табела бр. 42 Структура и карактеристики на урбани  от систем

       Урбана средина                    Опфат (делови на ЕЛС)                    Број на         Број жители
                                                                                населби           2040

Метрополско подрачје Скопје     Аеродром, Арачиново, Боговиње, Брвеница, Бутел,
                                  Велес, Врапчиште, Гази Баба, Ѓорче Петров,
                                   Гостивар, Желино, Зелениково, Илинден,
                                   Јегуновце, Карпош, Кисела вода, Куманово,               333
                                                                                                          945.437
                                Липково, Петровец, Сарај, Сопиште, Старо
                                 Нагоричане, Студеничани, Теарце, Тетово, Це  нтар,
                                 Чаир, Чучер Сандево, Шуто Оризари.



                                                                              199
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":236}>>>
