<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":235,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=235"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 6.2.2.  Населби и урбан развој

6.2.2.1.  Развој на урбаните системи

          Системот на населби во нашата Држава се развива во контекст на доминантната
    предиспозиција на физичко географските карактеристики, односно под директно влијание
   на релјефот.

         Во процесот на просторно -функционални интеракции во мрежата на населени места,
   први се појавија центрите на локална интеграција. Со понатамошниот развој, некои од овие
   центри добија пошироко просторно влијание преку формирање на интегрирани мрежи на
   околните населби и нивен морфолошки раст во вид на урбани средини и агломерации. Во
    така формираните сложени просторни функционални форми и хиерархиски односи на
    независни центри, урбани средини и агломерации, а благодарение на физичката географска
    предиспозициј а, во урбаниот систем на Државата е формирано градското подрачје на Скопје.

          Системот на населби во планскиот период ќе се развива како резултат на развојот на
    урбаните системи формирајќи мрежа од независни урбани центри, урбани подрачја,
   агломерации и метрополското подрачје на Скопје, кои ќе ги интегрираат околните рурални
   средини преку развивање на нивните функционални капацитети и сообраќајни врски. Во
    просторно функционална и морфолошка смисла, урбаниот систем ќе го сочинуваат:

      1.  Метрополското подрачје Скопје  формирано од три агломерациски системи: Скопје,
        Куманово и Тетово -Гостивар. Скопското метрополско подрачје претставува столб на
          развојот на Државата и опфаќа околу 970.000 жители, што е нешто повеќе од половина
        од вкупното население на земјата. Јадрото на метрополата е агломерацискиот систем
         на Скопје  - полицентрична урбана агломерација од околу 590.000 жители. Зоната на
         влијание на градот  ги надминува неговите граници и опфаќа 97 населени места на
        површина од 738 km     2. Најголем дел од населените места бележат позитивни
        демографски промени. Индексот на промена на населението во периодот од 2002 до
         2021 година е 105. Зоната на влијание на Скопје има тенденција да се прошири кон
          исток, каде што има преклопување на влијание со градското подрачје на Куманово,
         како и на запад, со урбаните центри Тетово и Гостивар. На југоисток, зоната на влијание
        има тенденција да се прошири по автопатот А1 кон помали центри и населби покрај
         патот Скопје  - Свети Николе. Ова полицентрично подрачје е развојно најперспективно,
        поради највисок иот функционален капацитет и демографски потенцијал, добрата
         сообраќајна поврзаност и солидна инфраструктурна опременост. Во  планскиот период
         ќе продолжи концентрацијата на функциите,  населението, корисниците на просторот и
         економијата во ова урбано подрачје, но      со максимална контрола на развојот и
         растерет ување на подрачјето на Скопје , на сметка на зајакнување на урбаните функции
         во субцентрите на метрополата  - Тетово, Гостивар и Куманово. Метрополата ќе стане и
        доминантна туристичка дестинација   во Државата  . Ќе дојде и до манифестација на
         ефектите од субурбанизацијата како последица на влошувањето на квалитетот на
         животот (квалитетот на животната средина) во централните, најгусто населените
        делови на метрополското подрачје, што претставува развојна можност з     а помалите
        локални центри.

      2.  Агломераци ите претставуваат сложени системи формирани од повеќе населени места
        кои имаат карактер на функционално  -урбани рег иони. Се карактеризираат со висок
         степен на урбаност и голем у дел на урбаното население во вкупното, висок  степен на
         вработеност на работната сила во неземјоделските дејности,        диверзифицирани
        функции и стабилна дневна миграција на работната сила.  Најзначајни претставници од

                                                                                 198
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":235}>>>
