<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":230,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=230"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

година во сите региони, освен во Скопскиот, а на национално ниво речиси тројно ќе се
зголеми, надминувајќи -20 промили.

       Без разлика на сценариото, се очекува    уделот на постарите (65+ години) да се
зголеми на сметка на намалување на младите (0 -14) и лицата на работоспособна возраст (15 -
64), што укажува дека процесот на стареење на населението е неизбежна иднина во
планскиот период. Очекуваното намалување на бројот на  жени на репродуктивна возрастдо
2040 година е двојно поголемо отколку очекуваното намалување на вкупното население во
Државата, бидејќи тоа изнесува 30% за поширокиот и 28% за потесниот контингент на жени
на репродуктивна возраст, што се однесува и за регионалното ниво. Најголеми нам   алувања
се очекуваат во Југозападен, Полошки и Источен плански регион и се движат од 48% за жени
на возраст од 15 -49 до 52% за жени на возраст од 20  -34 години.

       Вкупниот притисок на  економски зависното население врз населението на работна
возраст би се зголемил за 31% на државно ниво, со најмал пораст во Скопскиот плански
регион (17%), а најголем во Југозападниот (57%) и Источниот (53%). Ова зголемување би било
предизвикано исклучиво од страна на старит   е лица, со оглед на тоа што се очекува да се
намали притисок од младите лица во сите региони.





    График бр.  8 Индекс на стареење (65+/0    -14) на РСМ во 2021 и 2040 според очекуваното
    сценарио, по региони

       Притисокот на старите лица би се зголемил за 73% на национално ниво   - од само 35%
во Скопскиот плански регион до дури 158% во Полошкиот и 132% во Југозападниот.

       Ваквата прогноза упатува на заклучокот дека во планскиот период треба да се води
интензивна политика насочена кон поттикнување на раѓањата проследена со политика за
намалување на изразениот јаз, пред сé помеѓу Скопскиот и другите плански региони во
билансот на миграциите. Овие проекции покажуваат дека влијанието на миграцијата ќе биде
позначајно од влијанието на природните компонентите на движењето на населението во
следните две децении. Имајќи ги предвид ограничените ефекти од влијанието на
фертилитетот и  извесното неповолно влијание на старосната структура, транзицијата на
Државата од типична емиграциска во имиграциска држава се наметнува како најзначајна
развојна стратегија во планскиот период.

       За  проекциите на населението на општините          се користени линеарни и
експоненцијални модели на екстраполација на стапката на промена на вкупниот број на
население со top -bottom контрола користејќи ги претходно добиените проекции на ниво на
региони со примена на кохортно -компонентниот модел.


                                                                              194
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":230}>>>
