<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":229,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=229"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    Слика бр. 32 Вкупно население за 2021 година и проекции за 2030 и 2040 година

       Депопулација не се прогнозира единствено во Скопскиот регион, бидејќи е единствен
со релативно висока стапка на вкупен фертилитет и минимално негативен вкупен
миграциски биланс.

      Имајќи ја предвид сегашната фаза на демографскиот и социо  -економскиот развој на
Државата, како и просечната големина на домаќинствата(3,07 лица), за очекување е трендот
на намалување на овој индикатор, кој беше забележан во периодот 2002    -2021 година, да
продолжи и во следните две децении, што би ја доближило земјата до сегашниот просек на
ЕУ (2,2). Најголемо намалување, од околу една ч   етвртина, би се случило во регионите кои
денес се одликуваат со најголема просечна големина на домаќинствата              - Полошки и
Југозападен, а најмалку во Вардарски (10%).

      Според очекуваното сценарио,   стапката на природна промена  во сите региони
стагнира или минимално се менува до 2030 година, од кога започнува забрзано да опаѓа, за
да во Југозападниот регион во втората деценија од проекциите се удвои и повеќе. Само во
Скопскиот регион во текот на целата проекција стапката е благо     позитивна со врв од 2,4  -
2,6‰ во 2024 -2025 година, за да во втората деценија биде минимално над нулата.

      Сценариото нулта миграција до крајот на проекцискиот период успева стапката на
природна промена практично да ја одржи на почетното ниво во сите региони на земјата. Тоа
индиректно укажува на клучниот придонес на миграциската компонента, односно отсуството
на негативното влијание на миграцијата ќе го запре натамошниот пад на стапката на
природната промена и покрај тоа што сценариото не предвидува дека наталитетот
значително ќе се зголеми во ниту еден регион. Во статус кво сценарио, негативната стапка на
природна промена би била најмалку двојно зголемена во однос на почетното ниво од 2021

                                                                              193
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":229}>>>
