<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":228,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=228"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    График бр. 6 Промена на вкупно население во РСМ според четири сценарија, 2021   -2040г  .

      Споредбата на три сценарија  - нулта миграција, моментум и очекувано, покажува дека
влијанието на миграцијата ќе биде позначајно од влијанието на природните компоненти врз
движење на бројот на населението во следните две децении. Намалувањето на бројот на
жители, според очекуваното сценарио, изнесува 14,4% до 2040 година, а според  сценариото
на нулта миграција само 2,8%. На регионално ниво, по сите 4 сценарија се очекува
намалување на населението во сите плански региони, освен Полошки и Скопски по две
сценарија.





    График бр. 7 Промена на вкупно население во РСМ (%) според четири сценарија, 2021   -2040  г.

       Најголеми намалувања според очекуваното сценарио има во четири плански региони
(Источен, Југозападен, Југоисточен и Полошки) кои се издвојуваат со најизразена нето
емиграција или најниски стапки на наталитет, или пак комбинација од двата фактори. Тие би
изгубиле најмалку една четвртина од сегашната популација, дури и кога би продолжиле
благо позитивни трендови во стапките на наталитет и значително намалување на нето
емиграцијата. Елиминирањето на влијанието на нето емиграцијата значајно би го
редуцирало оче куваното намалување во сите региони, освен во Скопскиот, бидејќи во
регионот на главниот град неповолното влијание на надворешната миграција е занемарливо,
со оглед на тоа дека е речиси целосно компензирано од позитивното влијание на
внатрешните миграции.  Според статус кво сценариото, населението во Југозападниот,
Полошкиот и Источниот плански регион би се намалило дури за околу 40% до 2040.



                                                                              192
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":228}>>>
