<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":227,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=227"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 6.2. Антропогена сфера

6.2.1. Демографија

         Имајќи ги предвид актуелните демографски промени и процеси во нашата земја,
  демографската проекција за планскиот период е прилично неизвесна во однос на идниот
  обем и структура на населението. Во проекцијата е применет сценариски пристап, чија
   главна предн ост е што овозможува разгледување на екстремно различни иднини во
   зависност од претпоставените фактори.

        Среднорочните проекции на населението на Република Северна Македонија (2021   -
  2040 година) според полот и возраста на ниво на региони и Држава се изработени според
  кохортно -компонентниот модел со користење на т.н пристап оддолу  -нагоре. Проекцијата на
  идниот обем и структура на населението е изр  азена преку четири сценарија, кои меѓусебно
   се разликуваат во комбинации на хипотезите за компонентите на динамиката на населението
  во следните две децении. Покрај очекуваното (најверојатната иднина), направени се три
   хипотетички сценарија: нулта миграција   (миграцискиот биланс цело време е еднаков на
   нула), моментум (комбинира различни константни нивоа на фертилитет, смртност и
   миграција); статус кво (почетните нивоа на сите стапки на компонентите на промена на
  населението се задржани константни). Нулта миг    рација и моментум (најоптимистички) и
   статус кво (најпесимистичко) може да се толкуваат како гранични сценарија помеѓу кои треба
  да се најде идната вистинска големина на населението.

        Прогнозата на стапките на раѓањепредвидува многу благ пораст на вкупната стапка
  на фертилитет (TFR  -Total Fertility Rate) до 1,76 во 2040 година на државно ниво, при што
   најниска целна TFR би била во Југозападниот (1,48), а највисока во Скопскиот плански регион
   (2,02). Прогнозата на морт  алитетот предвидува благо зголемување на животниот век во
  следните две децении во сите региони. Очекуваното траење на животниот век на
  живородените би изнесувал 78,99 години за мажи и 82,85 за жени. Најдолг просечен животен
   век ќе има населението од Југоза падниот плански регион за мажи (79,86), односно Скопскиот
   за жени (83,92).

         Врз основа на индиректно пресметаниот     миграциски биланс  во меѓупописниот
  период 2002 -2021 година, а во согласност со концептот на „миграцискиот циклус“ и темпото
  на промени предвидени во проекциите на Еуростат за популации, со сличен образец на
  надворешна миграција, претпоставено е дека надворешната нето емигр ација до 2040 година
  во сите региони линеарно ќе се намали на половина од сегашното ниво. Имајќи го во предвид
  очекуваниот економски напредок на Државата, што по дефиниција подразбира намалување
  на интензитетот на имиграцијата во главниот град на сметка на        емиграцијата од сите
   останати региони, претпоставено е дека целното ниво на салдото на внатрешната миграција
  во 2040 година ќе одговара на нивото регистрирано во секој регион во периодот 2002   -2012
   година, освен Скопски и Југозападен, во кој салдото би бил  о еднакво на нула. Во сумата, се
  прогнозира дека вкупниот миграциски биланс во сите региони, освен Скопје, ќе остане
   негативен и покрај значајното намалување на емиграцијата. Сите сценарија, вклучувајќи го и
   најоптимистичкото сценарио на нулта миграција, п окажуваат дека депопулацијата е извесна
  демографска иднина на Државата во 2040 година. Намалувањето на населението после
  2024 година е резултат на неповолното влијание на старосната структура, која се
  придружува како нов фактор кон ниските стапки на натали          тет и нето емиграцијата
   (согледано од моментум сценариото).




                                                                                 191
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":227}>>>
