<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":224,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=224"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

     Од аспект на експлоатација на неметаличните минерални ресурси, во планскиот
период неопходно е:
   ·   детално истажување на лапоровитите наоѓалишта;
   ·   утврдување на локациите за добивање на цементни пуцолани (туфови, бречи и нивните
     силифицирани еквиваленти). Особено потенцијални се пуцоланите северно од село
     Спанчево, Турско Рударе и Стрмош. Во функција на намалување на јаглеродниот
     отпечаток (carbon fo   otprint) во воздухот, пуцоланите ги заменуваат пепелите од
     термоцентралите кои досега масовно се користеа во цементната индустрија;
   ·  лимитирање на употребата на седиментни (речни или езерски) агрегати за бетон,
     особено недозволена експлоатација на песок и чакал од речните корита и нивна замена
     со карбонатите како технички дробен камен. За таа цел потребно е да се дефинираат
     локации за отварање на вакви каменоломи.

       Енергетски минерални суровини





    Слика бр. 31 Реонизацијата на енергетски минерални суровини

Легенда: I -Струшки басен, II -Пискупштински басен, III -Кичевски басен, IV -Пелагониски басен, V -Мариовски басен,
VI-Скопски басен, VII -Катлановски басен, VIII -Тиквешки басен, IX -Пробиштипски басен, X -Делчевско -Пехчевско -
Беровски басен

      Во Западно-македонската зона се селектирани три металогенетски единици (рудни
басени) во поглед на енергетските минерални суровини           - јаглени: Струшки басен (I),
Пискупштински басен (II) и Кичевски басен (III).

      Во Пелагонскиот масив детектирани се две металогенетски единици: Пелагониски
басен (IV) и Мариовски басен ( V):

       Следува Вардарската зона со следните рудни басени:
       VI-Скопски басен ;
       VII-Катлановски басен и

                                                                              189
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":224}>>>
