<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":222,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=222"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

поле Радуша (3) со резервите на хромитски оруднувања кои долги години беа предмет на
активна експлоатација и сеуште се актуелни, Рудно поле Лојане          -Никуштак (5), со
потенцијалот на антимон кој спаѓа во групата на критични минерали и помали појави на
бакар и молибден; понатаму Кожувски руден реон (6), како еден од попознатите рударски
локалитети по богатството со антимон,    златото  кај Алшар, железно -никлоносните руди,
фероникел, како и полиметални оруднувања (бакар -олово-цинк-злато-сребро). На оваа зона
припаѓаат и: Рудниот реон Бучим   -Дамјан-Боров Дол (7), познат по железни и бакарни
оруднувања кои веќе се експлоатираат во рудникот       Боров Дол, но и со можност за
доистражување, и Валандовски руден реон (8), како еден од најперспективните, со бројни
наоѓалишта и појави на бакар, олово -цинкови руди, злато и железо.

      Во рамки на Српско Македонскиот масив , се издвоени 5 металогенетски единици од
понизок ранг:

      9 - Руден реон Кратово -Злетово - еден од најголемите и најатрактивните, познат уште
од римско доба по оловно -цинковите руди, бакарот, златото и уранот;

      10 - Руден реон Луке -Караманица - антимон, оловно-цинкови резерви, злато и сребро;

        11- Руден реон Саса -Тораница, со резервите на оловно  -цинкови руди, коj и покрај
експлоатацијата во рудникот Саса има потенцијал и за нови истражувања на оловно  -цинкови
руди, бакар, антимон и железо;

      12 - Пехчевско рудно поле  - железо, бакар (Кадиица), олово и цинк;

      13  - Огражденско рудно поле, со најголемиот потенцијал на бакарни руди во
     Државата во наоѓалиштето Иловица, како и кварцно златоносни жици, олово и цинк.

Тораница и Злетово со по околу 6 000 000 тони експлоатациони резерви оловна руда и
заеднички капацитет на призводство од околу 300 000 тони олово ќе бидат активни и во
периодот 2021 -2040 година, како и Рудникот Боров Дол, со околу 62 000 000
експлоатациони тони рудни резерви и годишно производство од 4 500 000 тони бакар. Во
периодот до 2040 година, треба да се отворат уште  5 рудници на метали: Иловица – Штука
(бакар и злато), Казан Дол (бакар и злато)  , Плавица (бакар , злато и сребро), Кадиица (бакар)
и Луке (антимон , олово-цинк, злато и сребро ).





                                                                              187
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":222}>>>
