<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":221,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=221"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 6.1.3. Користење на минерални ресурси

         Нашата држава во моментот не е силно развиена рударска земја и нејзината визија
   треба да е насочена кон зајакнување на овој сектор на стопанството, по пат на поинтензивно
   искористување на минералните ресурси низ примена на новите техники и технологии на
   одржливо користење. Преминот кон ефикасна, безбедна и одржлива     економија со ниска
   употреба на јагленот како Стратешка определба на Европската комисија (ЕК) до 2050 година
   е исто така насока која треба да биде дел од визијата и долгорочните насоки за развој на овој
    сектор.

6.1.3.1. Приоритетни простори за геолошко истражување и експлоатација

          Реонизацијата на минералните ресурси за металични, неметалични и енергетски
   ресурси е претставена во рамките на главните структурно  -металогенетски единици.

         Металични минерални суровини

        Во Западно-македонската зона се издвоени две металогенетски единици: рудно поле
   Стогово (1) во кое се констатирани повеќе наоѓалишта и појави на манган, железо или мешани
   оруденети простори на овие два метала, и Кичевскиот  руден реон (2), кој зафаќа значителен
   простор во општина Кичево и неколку околни општини, каде се наоѓа наоѓалиштето на
   железо Тајмиште, кое и покрај престанокот со експлоатација, останува како можна опција за
   реактивирање, и молибденот кај локалитетот Стрелци.





        Слика бр. 29 Реонизацијата на металични минерални суровини

    Легенда : 1-Рудно поле Стогово, 2 -Кичевски руден реон, 4 -Рудно поле Нежилово, 3 -Рудно поле Радуша, 5 - Рудно
    поле Лојане -Никуштак, 6 - Кожувски руден реон, 7 - Руден реон Бучим -Дамјан-Боров Дол, 8 - Валандовски руден
    реон, 9 -Руден реон Кратово  -Злетово, 10 -Руден реон Л  уке-Караманица, 11 -Руден реон Саса  -Тораница, 12 -
    Пехчевско рудно поле, 13 - Огражденско рудно поле

   Во рамките на Пелагонискиот масив е издвоено рудно поле Нежилово (4) од понизок ранг.

         Вардарската зона се истакнува со 5 металогенетски единици од понизок ранг: Рудно


                                                                                 186
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":221}>>>
