<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":219,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=219"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

                 - Општ план за управување со дивечот (Ловностопанска основа) како стратегиски
    документ за развој и управување со дивечот;

                 -  Регионални планови за управување во издвоените ловни подрачја заради
   спроведување на единствена ловна политика и соодветни мерки за заштита, одгледување и
   унапредување на стопанисувањето со дивечот и

                 - Ловностопански основи како оперативни документи и особено годишни планови за
   управување со дивечот како корективи на посебните ловностопански основи.

             2. Мерки за заштита на дивечот, кои опфаќаат физички, правни, биолошки и
    здравствени мерки, како и мониторинг на дивечот, информирање и едукација на
    населението.

            Табела бр. 60 Проектирана бројна состојба на дивечот и дозволен годишен отстрел

                                          Матичен      Еколошки        Капацитет     Можен
      Вид на дивеч                         фонд       периодичен                       отстрел
                                                              прираст

       Обичен елен (Cervus elaphus  )               2000            580              2.580          350

       Срна (Capreolus capreolus  )                 17000           5000            22000         3000

       Дивокоза (Rupicapra rupicapra  )              2700            680             3380          400

      Дива свиња (Sus scrofa )*                  13000           7500            20500         4500

        Зајак (Lepus europaeus  )                    28000           14000           42000         9000

       Полска еребица  (Perdix perdix )             35000          22000           57000         14000

       Еребица камењарка  (Alectoris graeca  )       3100           1550            4650          900

       Фазан (Phasianus colchicus  )                 3500           2000            5500          1200

6.1.2.6.  Заштита од ерозија, порои и опустинување

          Шумарството има значаен придонес во заштитата од ерозија, порои и опустинување,
   пред се преку одржливото стопанисување со шумите, пошумувањето, одржливите
    одгледувачки мерки, мелиорацијата на деградираните шуми и шикари и начин          от на
   користење на шумите и планирањето и градбата на шумските комуникации.

          Противерозивната заштита на просторот се спроведува со:

                · наменски насочено користење на површините подложни на ерозија;

                · прилагодување на користењето на шумите на локации под закана од ерозијата;

                · интензивно пошумување на ерозивно активните подрачја и нега на шумите;

                · уредување на поројните водотеци со различни пред се биоинженерски мерки;

                · посебни биоинженерски мерки за заштита од обрушување, одрони и свлечишта на
          стрмни падини и речни брегови и

                · мерки за заштита од ерозија на шумската инфраструктура.





                                                                                  185
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":219}>>>
