<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":217,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=217"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

   пожар или некоја непогода од биотски или абиотски фактор (ветроизвала, снеголоми и сл.),
    како и со метод на директна    конверзија на деградирана шума и шикара (се отстранува
    деградираното, па се врши пошумување).

         Пошумувањето се практикува и како дел од биоинженерските мерки за заштита од
    ерозија и намалување на поројната опасност, како и за рекултивација на нарушени терени
    (копови, депонии, јаловишта).

           Технологијата на расадник от треба да се усогласи со производство на повеќе видови
    расад со специфична (еколошка) намена, како на пример поголеми пресадени садници за
   пошумување и рекултивација на суви, ерозивни или плевелни површини, контејнерски
   садници со поголем волумен на конт  ејнерот за суви и ерозивни земјишта итн. Потребно е
   подобрување на некои алатки за садење т.е. прилагодување за применета подготовка на
    почвата и тип на расад, како и спроведувањето на конзистентни мерки за одгледување со
   цел подобрување на успехот на пошумува њето.

6.1.2.2. Користење и транспорт

         Во планскиот период се очекува зголемување на притисокот врз шумите и
   зголемување на побарувачката на дрвни производи од шума и техничко (индустриско) дрво.
    Интензитетот на сеча до 2040 година ќе изнесува 1.150.000 m        3 (зголемување за 36% од
   реализираниот етат во минатите две децении).

         Во структурата на дрвната маса и понатаму ќе доминираат буката и дабот како
    најзначајни видови со околу 83,6 %   застапеност, a oгревното дрво останува доминантно во
   однос на техничкото. Користењето на недрвни шумски производи треба да се зголеми, по
   претходно утврдување на нивната состојба, односно соодветна организација на целиот
    сектор. Со оглед на големата побар   увачка на другите шумски производи и на странските
    пазари, можноста за нивно зголемено користење, значи и мож     ност за попрофитабилно
   работење на секторот шумарство, побрз економски развој, особено на пасивните рурални
    подрачја и остварување на поголеми девизни ефекти при стопанисувањето со шумите и
   шумското земјиште. Имајќи ги предвид реалните можности за користењ  е на другите шумски
    производи, во рамките на целокупниот расположив капацитет (15.000   t/ година сува корисна
   биомаса според старите проценки), тенденцијата е во наредн    иот период постојано да се
    зголемува користењето на сувата корисна биомаса.

                      Табела бр. 59 Проекција на исечена дрвна маса и сортименти

           Регион        Листопадни   Иглолисни    Техничко   Огревно    Oтпадок      Вкупно
                                [m3]          [m3]         [m3]        [m3]         [m3]         [m3]

      Вардарски               109622        16023      27925      90287      7433        125645

      Источен                 225828        43238       72707     177410    18949        269066

      Југозападен              192767         6743      12589     180946      5975        199510

      Југоисточен               153071        6923       43471     103035     13488        159994

      Пелагониски              136155       22424       19725     133959      4894        158578

     Полошки                 78735        11605      15898      72518      1924         90340

      Североисточен            89304        12956        2816      92530      6914        102261

      Скопски                  44245          103         144     44069        136        44349

     ВКУПНО                1078454       109489      195275     894754     59715        1149743

          Според просечната дрвна маса на единица површина во Државата од 105 m        3/ha,
   оптималната отвореност на шумите би требало да изнесува 12,3 m/ha, што ќе се обезбеди со
    изградба на 2.116 km нови шумски патишта,односно вкупно околу 10.389 km. За остварување

                                                                                 183
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":217}>>>
