<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":216,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=216"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 6.1.2. Шуми и шумско земјиште

         Одржливото управување со шумите наметнува потреба од промени во нивоата и
   содржината на планирање во шумарството, како и учество на јавноста, особено заедниците
   во или непосредна близина на шумите, како и обезбедување мултифункционален пристап во
   користење то и регенерација на шумските ресурси. За таа цел неопходна е изработка и
   донесување на Општ план за стопанисување со шумите во Државата        , со кој се одредуваат
   функциите и намената на шумите, целите и мерките за унапредување и заштита на шумите,
   како и Посебни планови за стопанисување со шуми, со кои се утврдуваат потребните
   активности за реализирање на зацртаната политика за шуми со приорит       етна функција
   производство на дрво и Посебни планови за одгледување и заштита на шуми, за шуми со
   посебна намена.

6.1.2.1. Пошумување

          Зголемувањето  на површината под шуми во планскиот период воглавно ќе се
   обезбеди со  активности за пошумување, кое ќе се изведува     со годишен интензитет од
   најмалку 1200 hа/годишно, во сооднос 60 % во шума и 40 % вон шума. Во однос на видовите,
   приоритет има примената на автохтони видови, особено пирорезистентни и сушоотпорни
   видови.

           Најопт имални методи на обновување во чистите и мешаните високостеблени шумски
   насади се групимично пребирната сеча и комбинираните методи на природно обновување.
   Во насади од   изданково потекло, треба да се преземат мерки за трансформација во
   средностеблени и високостеблени шумски насади со крајна цел создавање на природни
   шумски насади од генеративно потекло. Најдобри методи за постигнување на таа цел се
   методите на индиректна  и комбинирана конверзија и примена на осеменителни сечи во
   насадите со поквалитетна структура и на подобро месторастење. Мелиорацијата на
   деградирани шуми и шикари треба да се реализира со интензитет од 2 % годишно, со
   примена на концептот на шумарство поблиску до природата.

                               Табела бр. 58 Проекција на пошумување

                    Можна површина за        Годишен интензитет на       Реална површина за
                         пошумување               пошумување            пошумување

                     Необрасната    Еродирана
                                                Вкупно  Во шума  Вон шума    2030        2040
     Регион         површина во   I–III категорија
                                                               (ha)       (ha)         (ha)         (ha)           (ha)
                  ШСЕ (ha)           (ha)

     Источен                19473         29023     168        101        67      1676           3351

      Југоисточен             17210          13297     105         63        42     1054           2108

     Североисточен            5151         18330      81        49        32       811           1622

     Вардарски              29237          43218     250        150       100     2503           5007

     Пелагониски            21452         53692     260        156       104     2596           5192

      Југозападен            17008          28262     156        94        63      1564           3128

     Пoлошки                3410          31189     120         72        48      1195           2391

     Скопски                 8198           9182      60         36        24      600            1201

     Вкупно 41              121139        226193    1200        720       480    12000          24000

         Пошумувањето се врши во рамките на т.н. шумска зона (де      л кој е опфатен со
   шумскостопански основи), односно необраснато земјиште, на површини девастирани од


      41 Податоците се превземени од ЈПНШ и МЗШВ

                                                                                 182
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":216}>>>
