<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":214,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=214"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Агротехнички мерки

       Земјоделството во нашата Држава треба да се           фокусира на премин од
конвенционален во мултифункционален систем на одгледување, што бара бројни промени
во технологијата на одгледување     : редуциран систем на обработка на почвата, помала
употреба на минерални ѓубрива про   следени со задолжителна агрохемиска анализа на
почвата, употреба на микробиолошки ѓубрива, зголемена диверсификација на културите во
плодоредот, итн.

     Мерки за заштита на земјоделското земјиште

      Намалувањето  на фондот на земјоделското земјиште поради пренамена во
користењето треба да се одвива преку изработка на строги законски прописи за заштита на
земјоделското земјиште и изработка на просторни планови на сите нивоа (регионално,
локално), во кои се јасно де финирани мерките за заштита и користењето на просторот за
разни намени:

      · Мерки за заштита од ерозија на почвата;

      · Mерки за заштита од контаминација на почвата;

      · Mерки за зголемување на органската материја и биодиверзитетот во почвата;

      · Мерки за правилна употреба на минерални ѓубрива и пестициди;

      · Mерки за заштита од ацидификација, салинизација и алкализација на почвата;

      · Mерки за правилна обработка и наводнување на почвата;

      · Мерки на адаптација и ублажување на негативните ефекти од климатските промени.





                                                                              181
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":214}>>>
