<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":213,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=213"}>>>
                  Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

             Сточарство  - Негативниот тренд во сточарството, карактеристичен за п  ериодот 2012
          - 2021 година, ќе продолжи и во наредните годин и, па така до 2040 година се очекува пад на
      бројната состојба на сите видови добиток, со исклучок   на козите. Дополнително, ризиците
      поврзани со губење на генетските ресурси се зголемуваат поради извоз на добиток во
      соседните земји со поповолни субвенции, како и поради недоволно воспоставен систем за
      идентификација, регистрација и планска селекција. Ова создава у    слови за намалување на
       генетската разновидност и појава на блиско крвно сродство.

            Имајќи го предвид значењето на сточарството за нашата економија, во планскиот
      период е неопходна имплементација на соодветни политики и мерки за поддршка:
      воспоставување на ефикасен систем за идентификација и регистрација, како и
      спроведување на координира  ни мерки за поддршка и развој, со цел зачувување на
       генетските ресурси и одржлив развој на сточарството    .

              Бројот на пчелни семејства  до 2040 година ќе изнесува 180 000, што претставува
      зголемување за 93 % во однос на 2021 година.

                    Табела бр. 56 Проекција на сточарство (број на грла) и пчелни семејства

                                   Состојба во 2021 г.          Проекција за 2040 г.          Промена (%)

             Говеда                    177 622                   65 000                        -63,4

           Свињи                    186 146                  182 000                         -2,2

            Овци                     633 281                  440 000                       -30,5

             Кози                      75 753                   120 000                       58,4

           Коњи                      11140                    1800                        -83,9

            Живина                  1 484 025                  750 000                       -49,5

            Пчелни семејства           92968                   180000                  +93%

            Во планскиот период ќе се зголеми бројот на рибничките капацитети во сите плански
      региони: Вардарскиот до 20 %, Источниот до 10 %, Југозападниот до 20 %, Југоисточниот до
      7 %, Пелагонискиот до 3 %, Полошкиот до 10 %, Североисточниот до 5 % и Скопскиот до 7 %.

           Наводнување на земјоделски површини

            Во периодот до 2030 година, наводнуваните површини треба да се зголемат на 113
      000 ha (со вклучени мали системи за наводнување).  Дополнителни напори ќе се направат за
      санација и  модернизацијата на постоечките системи за наводнување и зголемување на
      наводнуваната површина за околу 30 000 ha. До крајот на планскиот период, наводнуваните
     површини треба да се зголемат до 1 31 517 ha.

  Табела бр. 57 Проекција на наводнувани површини (ha) 2021  -2040 ., по метод на експоненцијално порамнување

                         Вкупно             Индустриски   Фуражни
      Регион                     Житарки                       Мешунки  Зеленчук  Овошки   Лозја  Ливади  Друго
                         во 2040                култури      култури

     СРМ                131 517    41 756       6 870        17 804      3 504     23 734    19 235   11 164   2 772   4 678

      Вардарски           24 184     3 742       2 488        4 442       300       3 573     3 602    5 812     0      234

      Источни             17 822     8 762        1 305        3 075       244      1 690     1 670    789     107     182

      Југозападни          8 163     3 020         131        2 623       356       615      1 056     22      20      317

      Југоисточни          28 744     4 338        885         1 957       224      8 728     6 285    4 228     24     2 078

      Пелагониски         18 432*    5 851        1 296        1 897       250       4 031     3 982     22      611     491

     Полошки            22 248     10 017         0          2 726      1 716      3 656      1 551     1     1 814    771

      Североисточни        7 169     4 026        644          765        323       572       368      9      37     423

      Скопски              4 758      1 997        124          317        94        869       723     282     169     183

*Во проекцијата не се предвидени можните површини за наводнување со евентуалната изградба на ХМС Бучин

                                                                                    180
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":213}>>>
