<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":210,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=210"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

    6.РAЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА


  6.1. Природна сфера

 6.1.1. Земјоделство и земјоделско земјиште

          Вкупната површина на земјоделско земјиште до 2040 година ќе го задржи нивото од
   2021 година и ќе изнесува 1 260 000 ha. Во однос на структурата, ќе се зголеми површината
   под долгогодишни насади (овоштарство и лозарство), на сметка на намалување на
   површината под поледелски култури (пченица, ориз и тутун).

6.1.1.1. Структура на земјоделското производство

         Поледелство  - Површината под житни индустриски и фуражни култури ќе се намали
   за околу 10 000 ha, или 4,4 %, а градинарско производство ќе биде застапено на    површина
   од 54 170 ha, односно ќе се зголеми за 2,0 % (1051 ha) во однос на состојбата во 2021 година.

         Пченица - До 2040 година, пченицата ќе се одгледува на површина од 47.661 ha, која
   е за 31% намалена во однос на 2021 година Ова намалување е резултат на: нестабилната или
   ниска откупна цена на пченицата, како и конкуренцијата од увоз (особено од Србија и
    Бугарија) , поради што пченицата станува култура која е        економски неатрактивна за
   производителите, како и намалувањето на активното земјоделско население поради
   иселување и стареење, што доведува до напуштање или пренамена на земјоделските
   површини за одгледување на култури со повисока пазарна вредност, сигурен    пласман или
   извозен потенцијал. Влијанието на природните фактор   и (климатски промени) во прв ред
   порастот на температурите и нерамномерната распределба на врнежи исто така вл   ијаат врз
   производството на пченицата, како резултат на што, таа сè повеќе станува ризична ку    лтура
   за одгледување. Намалувањето на    површините е најголемо во Југоисточниот плански
   регион, каде површините драстично се намалени (од 5398 ha на само 40 ha), со што тој начин
   станува несоодветен за нејзино традиционално одгледување. Но, имајќи го предвид
   нејзиното стратешко, стопанско и земј оделско значење, за да се постигне стабилизирање на
   површините на ниво од 60.000 ha до 2040 година, неопходно е превземање на следните
   мерки:

          -   интензивирање на политиката на субвенционирање,

          -   континуирано зголемување на приносот, и намалување на увозот на зрно и брашно,

          -  намалување на трошоците на производство,

          -   остварување на зголемена добивка од единица површина и зголемување на
          просечниот принос на ниво од 4000  – 4500 kg/ha и

          -   интензивна примена на агротехнички мерки, кои се од исклучително значење поради
          силното влијание на климатските промени.

         Пченка  - Површините за одгледување на пченка  до 2040 година ќе се зголемат на
   43.814 ha (за 30% во однос на 2021 година), и тоа најмногу во Пелагонискиот регион (од 4.173
   ha во 2021 година на 12.900 ha во 2040 година), како   резултат на пренамена на земјиштето
   на кое претходно се одгледувала пченица главно кон одгледување на пченка. Пелагонискиот
   регион ќе биде најзначаен за одгледување на пченката во планскиот период, бидејќи има
   релативно добра инфраструктура за наводнувањ   е, што во услови на климатски промени и
   суши, е од пресудно значе ње, а ги исполнува и останатите предуслови за постигнување на
   поголем принос обезбедување на добиточна храна и воспоставување на модерни
   земјоделски практики.

                                                                                 177
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":210}>>>
