<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":207,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=207"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 5.16. Заштита на природата

          Основната цел  во областа на заштита на природата е зачувување на биолошката и
   пределската разновидност, природните реткости и вредности, во услови на одржлив
   просторен развој, преку воспоставување на мрежа од заштитени подрачја.

         Посебни цели

         Ц1 – Заштита на биолошката разновидност со национално и меѓународно значење;

         Ц2 – Одржливо и ефикасно управување со пределите;

         Ц3 – Ревитализација на деградирани живеалишта.

 5.17. Културно наследство

          Следејки го интегративниот и мултидисциплинарниот пристап во заштитата и
   користењето на недвижното културно наследсто, се утврдуваат следните   општи цели :

           -   Унапредување на законската рамка, институционалниот капацитет и системот за
         финансирање во заштитата на културното наследство;

           -   Разбирање на културното наследство и неговото значење;

           -  Одржливо управување со културното наследство, зачувување на просторот и
         развивање на инфраструктура за културните потреби;

           -   Создавање одржлив и просперитетен сектор на културното наследство кој ја
         поддржува креативноста и иновативноста, давајќи значаен придонес во економијата    .

         Посебни цели

         Ц1 – Донесување на усогласена законска регулатива и стратешки документи од
    областа на заштитата на културното наследство и допирните области, зајакнување на
   инстиуционалните капацитети и системот на финансирање;

         Ц2  –  Интензивирање на отворена комуникација со локалната самоуправа,
   сопствениците на недвижно културно наследство, граѓанските здруженија и сите други
   заинтересирани страни;

         Ц3  – Одржливо управување со културното наследство и негово економско
   вреднување.

 5.18. Природни непогоди      ,   техничко -технолошки хаварии     и воени
      разурнувања

5.18.1. Природни непогоди и техничко -технолошки хаварии

         Општа цел  за намалување на последиците од природни непогоди и технолошки
   хаварии е намалување на ризикот и промовирање на култура на отпорност на катастрофи,
   што се обезбедува преку осознавање на опасностите, физичката, социјалната, економската и
   еколошката ранливост с  о кои се соочува земјата, на краток и долг рок проследено со
    активности преземени врз оваа основа.

         Посебни цели

         Ц1 – Проценка и управување со ризикот од катастрофи во сите негови димензии:
    карактеристики на опасност (непогода/хаварија), ранливост/капацитет, изложеност на лица
   и средства, и животна средина;



                                                                                  174
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":207}>>>
