<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":206,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=206"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

        Ц3  –  Обезбедување на широкопојасни телекомуникациски услуги на целата
  територија на државата за рамномерен и континуиран регионален развој;

        Ц4 – Примена на ИКТ за  зачувување на здравјето и благосостојбата    на луѓето и
  околината;

        Ц5 – Обезбедување модерни и ефикасни поштенски услуги.

5.13. Геоинформатичка платформа, структура, анализа и поддршка за
    ППРСМ

        Општа цел  за организација, размена и одржување на системот на геопросторни
  податоци е изградба на комплетно дигитализирана и интероперабилна платформа на
  стандардизирани, разменливи просторни податоци и сервиси, безбедна, скалaбилна и лесно
  надградлива, преку која   е овозможен контролиран кориснички пристап до релевантни
  плански содржини, картографска визуелизација и ефикасно следење на спроведувањето на
  просторниот план.

        Посебни цели

        Ц1 –  Воспоставување на интероперабилна платформа за лесна размена на
  стандардизирани просторни податоци и сервиси од различни извори;

        Ц2 – Воспоставување на ефикасна платформа за следење на спроведувањето на
  просторниот план, негово ажурирање и дополнување;

        Ц3 – Сајбер безбедност и заштита на податоци;

        Ц4 – Изградба на хибридна ИТ инфраструктура.

5.14. Животна средина

        Општа цел  при заштита на животната средина    е подобрување на состојбата во
  животната средина преку следење на промените, интегрално и одржливо управување со
  медиумите и областите во животната средина, санација, ремедијација и рекултивација на
  деградираните површини и интегрирано управување со отпад  от.

        Посебни цели

        Ц1 – Подобрување на квалитетот на медиумите во животната средина;

        Ц2 – Намалување на емисиите од изворите на загадување;

        Ц3 – Планско уредување на деградирани простори.

5.15. Климатски промени

        Општа цел   за ублажување на влијанијата и адаптација на последиците од
  климатските промени подразбира организација на просторот и дејностите во согласност со
  очекуваните климатски промени, намалување на емисиите на стакленички гасови,
  намалување на ранливоста и ризиците предизвикани од негативните влијанија на
  климатските промени, како и зајакн ување на отпорноста кон истите.

        Посебни цели

        Ц1 – Усогласување на секторските политики со политиките и сценаријата во областа
  на климатските промени;

        Ц2 – Намалување на ранливоста и ризиците од климатските промени.



                                                                                173
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":206}>>>
