<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":205,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=205"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

5.10.2.  Водостопанство и хидротехничка инфраструктура

         Општи цели

           -  Редуцирање на фреквенцијата и сериозноста на последиците од неповолните појави
           (суша, поплава и прекумерно загадување), идентификација и евалуација на
          алтернативни мерки за зголемено водоснабдување и производство на хидроенергија,
          како и подобрување на ква литетот на водата;

           -   Управување со конфликтите при повеќенаменското користење на реките, низ
          рационално и одржливо планирање и управување со водните ресурси.

          Посебни цели

         Ц1 – Изградба на комплексни водостопански системи со кои се постигнува временска
   и просторна распределба на расположливите водните ресурси според потребите на
    корисниците на вода;

         Ц2  –  Одржливо користење на водите (усогласеност во користењето и
    расположивоста на водните ресурси);

         Ц3 – Резервирање и заштита на просторот наменет за  формирање на акумулации.

  5.11. Енергетика

         Општа цел  на просторниот развој на енергетската инфраструктура е безбедно
    снабдување со енергија на потрошувачите, заштита на енергетскиот потенцијал,
    зголемување на ефикасноста на енергетските системи, оптимална просторна дистрибуција
    на енергетските капацитети и  енергетската инфраструктура.

          Посебни цели

         Ц1 – Рационализација на производството и потрошувачката на конвенционалните
    енергенси;

         Ц2 – Изградба на нови енергетски капацитети и зголемено користење на обновливите
    извори на енергија;

         Ц3 – Намалување на загубите и зголемување на нивото на енергетска ефикасност;

         Ц4 – Модернизација на енергетските капацитети, технолошко подобрување на
    објектите за заштита на животната средина.

  5.12. Телекомуникации

         Општа цел за развој на телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура
    е формирање на модерни, стабилни и доверливи телекомуникациски мрежи на целата
    територија на Државата, кои ќе овозможат квалитетни комуникации и ефикасно користење
    на широк опсег на инова  тивни широкопојасни услуги за граѓаните, приватните компании,
    институциите и јавните претпријатија.

          Во однос на поштенскиот сообраќај, основната цел на развојот е обезбедување на
    доверливи поштенски услуги на целата територија на Државата.

          Посебни цели

         Ц1 – Изградба на телекомуникациска инфраструктура за поддршка на дигиталната
    трансформација и паметната специјализација;

         Ц2 – Безбедност и интегритет на јавните телекомуникациски мрежи и услуги;



                                                                                  172
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":205}>>>
