<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":203,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=203"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

       Ц2 – Целосно покривање на контингентот во задолжителното (основно и средно)
 образование и подобрување на достапноста и воедначување на квалитетот;

       Ц3 – Подобрување на пристапот до средно и високо образование за млади од помали
 градови и рурални населби ;

       Ц4 – Подобрување на квалитетот и достапноста на примарната и превентивната
 здравствена заштита;

       Ц5 – Поддршка за основање и функционирање на поливалентни центри и различни
 услуги на дневни центри и активности во областа на социјалната заштита, како и
 зголемување на вклученоста на социјално загрозените групи во сите сектори на јавните
 услуги;

       Ц6 – Унапредување на просторот за спорт и рекреација на ниво на локални заедници.

5.7. Економски развој

       Општите цели

       -  Одржлив и динамичен економски развој преку развој на претприемништвото,
        иновациите, продуктивноста и поддршка на малите и средните претпријатија
        согласно просторните потенцијали,

       -   Развој на регионални пазари на труд, висококвалификувана работна сила и одржливи
        инвестиции во човечки капитал.

       -  Рамномерен регионален развој со поттикнување      рамномерна дистрибуција на
        производните и услужните дејности, економски развиени плански региони и
       фискално одржливи општини .

       Посебни цели

       Ц1  –  Поттикнување и поддршка на претприемништвото, иновациите и
 конкурентноста;

       Ц2 – Просторен пристап во политиките за поддршка во развојот на бизнисите и
 привлекување на странските директни инвестиции;

       Ц3 – Унапредување на деловното окружување и формализација на неформалната
 економија;

       Ц4 – Интегрирање на интенцијата за заштита на квалитетот на животната средина во
 производните и услужните сектори;

       Ц5 – Унапредување на системот за рамномерен регионален развој и елиминирање на
 регионалните диспаритети во обезбедувањето на јавни услуги и подобрување на квалитетот
 на живот;

       Ц6 – Економски развиени, иновативни и фискално одржливи општини.

5.8. Туризам

       Општата цел

        Поттикнување на високо квалитетен и одржлив туризам преку рационално
 користење на просторот, воспоставување оптимална функционална организација на
 туристичките просторни целини и унапредување на управувачките процеси.

       Посебни цели

       Ц1  –  Користење на туристичко         -  географската положба и континуирано
 унапредување на поврзаноста на национален и меѓународен план;

                                                                               170
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":203}>>>
