<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":202,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=202"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

        Ц4 – Воспоставување на хиерархија на урбани системи и центри врз основа на
   супсидијарност на јавните служби, услугите и сервисите со децентрализација на овие
   функции;

        Ц5 – Трансформација на помалите урбани центри во руралната средина во
   прогресивни и просперитетни центри на руралните подрачја;

        Ц6 – Рационално, ефикасно и одржливо користење на земјиштето и управување со
   земјишниот фонд и спречување на натамошната трансформација на продуктивното
   земјиште во градежно, за потребите на урбано ширење;

        Ц7 – Планско контролирање на ширењето на градежното подрачје со реално
   согледување на потребите за простор;

        Ц8 – Севкупна обнова и санација на градежното наследство со цел унапредување на
   локалниот, регионалниот и националниот идентитет на просторот.

5.6.1. Домување

        Општи цели

          -  Обезбедување на соодветно и одржливо домување за сите граѓани со поддршка и
         ангажман од страна на државата и локалните заедници;

          -  Запирање и контрола на бесправна градба, и унапредување на основните услови за
        домување во постојните неформални и субстандардни станбени населби.

         Посебни цели

        Ц1 – Подобрување на достапноста на становите низ унапредување и интензивирање
   на станбената поддршка за семејства со низок социјален статус и намалување на трошоците
   за домување;

        Ц2 – Унапредување и зачувување на квалитетот на постојниот станбен фонд преку
   обнова, реконструкција и одржување;

        Ц3 – Усогласување на изградбата на станови со станбените потреби и контрола на
   почитување на стандардите и квалитетите во изградбата;

        Ц4 – Санација и уредување на претходно изградени неформални, под стандардни
   населби и ромски енклави, со поттикнување на социјалната интеграција и инклузија;

        Ц5 – Доследно спроведување на забраната за легализација на станбени објекти на
   земјиште кое е неповолно за градење или за живот на населението и објекти на површини за
   јавна намена; во зони под режим на заштита на природата и културните добра и др.

5.6.2.  Јавни функции

        Општи цели

          -   Остварување на минимални стандарди на квалитет на услугите од јавен интерес за
          сите граѓани;

          -  Подобрување на достапноста и квалитетот на јавните услуги, особено во руралните
          области, областите со мала густина на населеност и чувствителни категории на
         население.

         Посебни цели

        Ц1 – Зголемување на опфатот на деца од предучилишно образование и во градските
  и во руралните населби;




                                                                                 169
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":202}>>>
