<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":201,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=201"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

5.5. Демографија

       Општи цели

       -  Намалување на  негативните демографски трендови на миграциите и природното
       движење на населението, со цел намалување на постојните диспаритети во
        просторната разместеност на населението.

       -   Интегрален пристап кон порастот на старото население, поддршка на активното
        стареење и зголемување на негово учество во општеството, со респектирање на
        регионалните и локалните специфичности.

       -  Oптимална искористеност на демографските ресурси со акцент на расположливото
        работоспособно население на ниво на региони и општини.

        Посебни цели

       Ц1  - Конципирање и имплементација на системски мерки за намалување на
 интензитетот на трајната емиграција во странство врз основа на идентификувани push
 фактори и поефикасно управување на внатрешните миграции;

       Ц2  - Пораст на наталитетот преку креирање на политика за поттикнување на
 раѓањата (преку материјална и нематеријална помош на семејствата), базирана на
 репродуктивната основа на населението;

       Ц3 - Намалување на смртноста преку унапредување на здравствената заштита;

       Ц4 - Креирање на политика за активно стареење и грижа за старите лица;

       Ц5 - Отворање на нови работни места и зголемување на формалната вработеност,
 особено во малите општини и неразвиените подрачја, како предуслов за зголемување на
 стапката на нупцијалитет, наталитетот и природниот прираст и намалување на емиграцијата.

5.6. Урбан развој

       Општи цели

       -   Оптимизација на постојниот урбан систем преку подобрување на функциите на
        центрите и јакнење на демографскиот капацитет, унапредување на
        инфраструктурната опременост и искористување на географската положба за
       функционална специјализација и конкурентност,

       -   Рационално користење на земјиштето и трајно зачувување на земјоделските и
       шумските површини во согласност со принципите за одржлив развој,

       -   Зачувување и унапредување на урбаниот идентитет на градските населби, како и
        негово промовирање и користење во развојните планови, програмите и проектите на
        национално, регионално и меѓународно ниво.

       Посебни цели

       Ц1 – Јакнење на урбаните подрачја како основна структурна единица на просторното
 организирање;

       Ц2 – Одржливо и ефикасно управување со формираното метрополско подрачје
 Скопје;

       Ц3 – Полицентричен развој на агломерациите Битола, Прилеп, Охрид и Струга, како и
 Струмица, како инструмент на контролирана концентрација;





                                                                               168
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":201}>>>
