<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":200,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=200"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

       Посебни цели

       Ц1 – Продолжување на процесот на консолидација со цел зголемување на степенот
 на окрупнетост на парцелите на земјоделското земјиште;

       Ц2 – Подобрување на продуктивноста во производството и конкурентноста на
 секторот преку примена на научните истражувања, современи технологии и дигитализација;

       Ц3 – Оптимално користење на земјоделското земјиште со почитување на начелата на
 добра земјоделска пракса, заштита на животната средина и заштита на биодиверзитетот.

5.3. Шуми и шумско земјиште, ловство

       Општи цели

       -  Одржливо стопанисување со шумите и зголемување на придонесот на шумарскиот
        сектор во националната економија и руралниот развој;

       -   Зголемување на површината под шуми и нивниот производен потенцијал,
       подобрување на стабилноста и квалитетот на шумите

       Посебни цели

       Ц1 – Конверзија на нискостеблените шуми во високостеблени шуми;

       Ц2 – Унапредување на функциите на шумското производство (дрвни и недрвни) и
 зголемување на дрвната резерва;

       Ц3 – Подобрување на патната инфраструктура (отвореноста на шумите);

       Ц4  –  Унапредување на еколошките и социјалните функции на шумите
 (екосистемските услуги) и зачувувањето на биодиверзитетот и разновидноста на пределот;

       Ц5  – Oдржливо управување со популациите на дивечот и зајакнување на
 институционалната рамка;

       Ц6 – Интегрирано управување со ерозија, порои и опустинување   .

5.4.  Минерални ресурси

       Општи цели

       -  Одржливо искористување на минералните суровини и минимизирање на влијанието
        врз животната средина,

       -  Одржливо управување со отпадот од преработката на рудата.

       Посебни цели

       Ц1 - Креирање на систем за планирање на користењето на земјиштето за минерални
 ресурси;

       Ц2 – Конзервација и заштита на подрачја со минерални суровини кои треба да бидат
 вклучени во националните планови;

       Ц3 – Дефинирање на рударски економски зони во кои конфликтот со сферата на
 животната средина е најмал;

       Ц4 – Воведување на стандардите за квалитет (ISO) во компаниите кои се занимаваат
 со експлоатација и преработка на минералните суровини, примена на безотпадни технологии
 и искористување на обновливите извори на енергија;

       Ц5 – Интензивирање на основните геолошки истражувања.





                                                                               167
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":200}>>>
