<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":199,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=199"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

   5.ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТИ


       Општа цел на Просторниот план е одржлив  , балансиран и усогласен просторен развој,
 рационално користење и заштита на природните, економските и културните ресур           си,
 повисок степен на територијална кохезија и   ублажување на регионалните разлики заради
 подобрување на квалитетот на живеење, забавување на неповолните демографски процеси     ,
 јакнење на територијалниот капитал и зачувување на идентитетот на просторот. Посебни
 цели се:

       -   Балансиран просторен и економски развој, полицентрична организација на урбаните
        системи и јавните функции и подигнување на степенот на општествена и економска
        кохезија на урбаните и рурални подрачја,

       -   Контрола на динамиката на депопулација и емиграција, урамнотежување на
        просторната распределба на населението,

       -  Подобрување на инфрaструктурната поврзаност (во прв ред сообраќајна) на
        национално, регионално и меѓународно ниво,

       -   Зачувување на идентитетот и отпорноста на просторот, по пат на одржливо
       користење и заштита на природните ресурси.

       Основна задача на Просторниот план е усогласување на секторските развојни
 стратегии на Државата и преточување на националните развојни приоритети во конкретни
 плански решенија за уредување на просторот, користење на земјиштето и расположливите
 ресурси, обе збедувајќи услови за хармонизиран и одржлив развој, со посебен акцент на
 заштитата и на животната средина, природните и културни добра и благосостојба на
 граѓаните.

5.1. Природни карактеристики

       Oпшта цел

       -  Оптимална организација и користење на просторот во согласност со геолошките,
        сеизмичките, релјефните, климатските, хидрографските и почвените услови, со
       максимално внимание за одржување на природната рамнотежа.

5.2. Земјоделство и земјоделско земјиште

       Општи цели

       Општите цели за развој на земјоделството и користење на земјоделско земјиште
 произлегуваат од целите и приоритетите дефинирани во Законот за земјоделство и рурален
 развој, Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021     -2027,
 како и Зелениот договор и Стратегијата „Од фарма до вилушка“ на Европската Унија, а се
 однесуваат на:

       -   Зачувување на обработливото земјоделското земјиште;

       -   Зголемување на продуктивноста и конкурентноста на земјоделскиот сектор;

       -  Одржливо користење на земјоделското земјиште и примена на еколошки практики
       кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување
       кон нив.





                                                                               166
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":199}>>>
