<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":177,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=177"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

дефинирана намена (239,82 ha) кои се последица на сеуште неизвршеното усогласување на
податоците од АКН со податоците за државната граница кон северните соседи (Република
Србија и Косово).





    График бр. 5 Структура на намена на земјиште

       Анализата на намена на површините упатува на заклучокот дека главен корисник на
земјиштето е продуктивниот сектор во кој со најголем дел учествува земјоделското земјиште
(49,53%) и шумите (40,88 %). Високопланинските пасишта се распространети на површина
која изнесува 29,21% од вкупната територија на Државата.

     Од вкупното обработливо земјиште, кое зафаќа 516.733,00 ha, околу 26% е земјиште
опфатено со системи за наводнување, но реалната наводнувана површина изнесува само
4,24%, поради сериозното намалување на капацитетите на хидромелиоративните системи во
периодот 2017-2019 година.

      Непродуктивниот сектор е застапен на површина која изнесува 9,6% од вкупната
површина, од која 2,12% е површина под води во која се вклучени речните текови,
природните езера и површините под акумулации.

      Минералните суровини се експлоатираат на површина од 3873,00 ha, која изнесува
0,15 % од територијата на Државата.

       Урбанизираната површина, која ја сочинуваат градежните подрачја на населените
места (градови и села), зафаќа 13,88% од вкупното непродуктивно земјиште. Овој податок е
превземен од изворот CORINE LAND COVER     , од причини што во нашата држава сеуште не
постои регистар на градежно земјиште опфатено со урбанистички планови за развој и
уредување на населбите.





                                                                              148
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":177}>>>
