<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":175,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=175"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

3.7. Биланс на постојната намена на земјиштето

       Намената и користењето на земјиштето се одраз на актуелниот степен на
 продуктивност, рационалност и организираност на примарниот сектор, интензитетот и
 фазите на урбанизацијата, изграденоста на техничката инфраструктура и степенот на
 заштита од конфликтнит е процеси.

        Побарувачката за земјиште, шуми, пасишта и други ресурси, за различни намени
 постојано расте и станува поголема од расположивите резерви. Во тој процес на побарувачка
 доаѓаат до израз интересите на различните потенцијални корисници кои често се
 конкурентни, па дури и конфликтни. Од тука, како императив се наметнува потребата од
 рационално, односно одржливо користење на земјиштето како најзначаен природен ресурс,
 што особено се однесува на продуктивното земјиште од високи бонитетни класи; и
 насочување на другите активности кон пониските бонитетни класи.

       Основни категории на користење на земјиштето се продуктивно и непродуктивно
 земјиште. Продуктивното земјиште го опфаќа земјоделското и шумското земјиште, односно
 површините наменети за примарна продукција. Обемот и интензитетот на користењето на
 овие површ ини е во зависност од: бонитетната вредност на земјиштето, структурата на
 катастарските класи, интензитетот на ерозијата, надморската висина, наклонот,
 експозицијата на теренот и климатските услови. Согласно катастарската класификација на
 РСМ, во категориј  ата земјоделското земјиште се вклучени обработливото земјиште и
 површините под пасишта. Обработливото земјиште опфаќа: ниви, оризови ниви, градини,
 овоштарници и лозја. Пасиштата, заедно со шумите, ливадите, трстиците и мочуриштата ја
 сочинуваат категорија та плодно необработливо земјиште.

       Неплодното земјиште го опфаќа: природното неплодно земјиште (долови, камењари
 и друго) и вештачко неплодно земјиште, за кое е донесен урбанистички план или друга
 планска/проектна документација. Вештачкото неплодно земјиште може да биде градежно
 неизградено земјиште и градежно изградено земјиште. Градежно изградено з      емјиште
 опфаќа: земјиште под згради, улици, патишта, мостови и друго.

       Овие услови се менлива категорија зависно од односот на човекот кон средината,
 односно од сознанието дека продуктивното земјиште претставува ограничен и необновлив
 ресурс, а неговата заштита и рационално користење императив за идниот економски развој
 и хумано живеење.

        Непродуктивното земјиште го сочинуваат површините кои не се користат
 непосредно за одделни видови на производство, но се услов за вкупниот стопански развој.
 Тие се категоризирани во:

        ·   води и водотеци,

        ·   верски објекти и гробишта,

        ·   населби,

        ·   патишта и железници,

        ·   останато неплодно земјиште.

        Билансот на намена на земјиштето е изготвен врз основа на намената на земјиштето
 за продуктивни и непродуктивни цели. Во анализата на намената и користењето на
 земјиштето се превземени податоци од:

        ·   Агенцијата за катастар на недвижности, обработени врз топографска карта во размер
        1:25000, ажурирана со податоци добиени од аерофотограметриско снимање
       извршено во 2017 година;

                                                                               146
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":175}>>>
