<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":173,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=173"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

        - Радикализамот и екстремизмот кој се манифестира низ различни облици:
       национален, верски и политички, со потенцијал за предизвикување на меѓуетнички
       конфликти.
        - Тероризмот, кој поврзан со верскиот екстремизам, ја прави нашата Држава
       чувствителна на терористички напади и овозможува користење на нејзината
       територија како коридор за инфилтрирање на терористи;
        - Илегалната миграција, која не е директна закана по националната безбедност, но
     може да ги оптовари државните институции и да ангажира значајни капацитети на
       Државата;
        - Сајбер напади   –  кои се манифастираат со загрозување или блокирање на
      функционирањето на критичната инфраструктура;
        - Елементарните непогоди, техничко  -технолошки катастрофи, епидемии, деградација
      на животната средина и климатските промени, кои се индиректни закани, но може да
      имаат влијание врз безбедноста на институциите и системот за одбрана на долг рок.

       Веројатноста од вооружена агресија врз нашата земја е мала. Најреални се
индиректните закани кои доаѓаат од асиметричните, хибридни, сајбер и други напади, како и
загрозувањата од природни непогоди, технолошки катастрофи, епидемии и климатски
промени.





                                                                              145
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":173}>>>
