<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":171,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=171"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

воспоставената методологија за проценка на ризик во индустријата (најмногу кај големите и
средните компании, и особено во рударството), како и обучениот кадар за ракување со
опасни материи сведочи за солидната превенција од ризиците со користење на опасни
материи.

       Сепак, актуелноста на регулатива која не е хармонизирана со европската,
недостапноста на информации за случените несреќи, слабиот мониторинг за следење на
опасностите, ранливоста и ризиците од технолошките хаварии и дефицит на кадар во
институциите; се при  чина за недоволна институционална поврзаност и можности за
иновативни решенија во однос на превенција и сигурност од несреќи предизвикани од
опасни материи.

       Несреќите во рударството, покрај можните повреди, загуби на човечки животи,
прекин на процесот на експлоатација и загуба на опрема во просторот каде се изведува
рударската активност, можат да предизвикаат и загрозување на здравјето и животот на
луѓето не/п осредна близина на рударската активност, како и евентуална контаминација на
животната средина. Несреќи кои може да се очекуваат во рудниците со подземна
експлоатација се зарушувања, поплави и пожари, струјни удари, кои може да бидат
предизвикани од различн  и причини. Нема достапни податоци за рударски несреќи и
влијание врз животната средина, што оневозможува целосно дефинирање на најчестите
причини поради кои се случуваат и преземање конкретни мерки.

      Пожари во објекти

       Отсуството на детална евиденција за случените пожари во објектите и недостаток на
клучни податоци (за типот на запалениот објект од аспект на конструктивен материјал и
катност, причината за пожарот и предизвиканата материјална штета), како и непостоењето
на официјално усвоена методологија за процена на ризик од пожари во објекти,
оневозможуваат соодветна анализа за зачестеноста на пожарите, изложеноста на
населението и предизвиканите штети.





    Слика бр. 28 Ризик од пожари по општини     , Извор: Студија „Природни непогоди и техничко      -
    технолошки хаварии за просторниот план на Република Северна Македонија (2021    -2040)“


                                                                              143
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":171}>>>
