<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":169,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=169"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    Слика бр. 26 Сеизмички хазард (максимално земјино забрзување) за повратен период од 475год.    ,
    Извор: Студија „Природни непогоди и техничко   -технолошки хаварии за просторниот план на
    Република Северна Македонија (2021  -2040)“

       Потенцијалното движење на тлото од идни земјотреси, кое ги одредува економските
и хуманитарни последици од потенцијалните земјотреси, се дефинира како сеизмички
хазард. За негово утврдување неопходни се сознанија за случените земјотреси, геологијата,
тектониката, локалните почвени услови, густината на зградите и населението (изложеност),
повредливоста на изградената средина, како и робусни проценки на сеизмичкиот хазард.
Според Европскиот модел на сеизмички ризик 2020 (ESRM20), зградите изградени пред
1980 -тите, урбаните подрачја како и високите проценки на сеизмичкиот хазард се главни
носители на сеизмичкиот ризик.

      При случување на земјотрес, најзначајна цел е да се зачуваат човечките животи, па во
таа смисла современите принципи за проектирање сеизмички отпорни конструкции
вклучуваат заштита на човечки животи и ограничување на штети во објектите. Затоа,
проценката н а изложеноста и ранливоста на објектите изложени на земјотрес е од особено
значење, бидејќи можните човечки жртви во најголема мера се резултат на оштетувања и
рушења на објекти.

      Со користење на методологија која вклучува корелација помеѓу пресметаните карти
на опасност (сценарио  - максимален очекуван земјотрес со повратен период од 475 години),
селектираните функции на повредливост за постоечките типови на конструкции, како и
изложената изградена површина по општини, изработенa е карта на загрозеност од
земјотрес (ризик) како процент на оштетена површина во однос на вкупна изградена
површина во секоја општина.





                                                                              141
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":169}>>>
