<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":168,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=168"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

и сл.), кои се одговорни за планирање, мониторинг и спроведување на превентивни мерки на
своите територии. Паралелно, значајна улога имаат субјектите задолжени за управување со
кризи, заштита и спасување и противпожарна заштита, кои обезбедуваат оперативна
подготвеност, координација и ефикасен одговор при активирање на пожари кои ја
надминуваат локалната контрола. Ваквата распределба на надлежности овозможува
интегриран и споделен пристап кон управувањето со ризикот и минимизирање на
потенцијалните штети.

       За справување со пожарите во Државата се формирани 34 територијални
противпожарни единици во градот Скопје и општините: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар,
Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Старо Нагоричане, Струмица, Тетово, Штип, Ресен,
Кавадарци, Валандо во, Дебар, Берово, Виница, Делчево, Крива Паланка, Кривогаштани,
Кратово, Струга, Кичево, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица, Радовиш,
Ранковце, Свети Николе, Пробиштип, Демир Хисар и Неготино.

      Добрата организациона поставеност е предуслов за навремено реагирање и
ефективно справување со пожарите. Сепак застарената опрема и недостаток на стручен
кадар, како и неправилната урбанизација и непочитувањето на плановите се значајни пречки
за ефикасно с правување со пожарите.

       Земјотреси

       Епицентралните подрачја во нашата Држава се опфатени со три главни сеизмогени
зони:  Западно   -  македонска, Вардарска и Источно македонска сеизмогена зона                 .
Епицентрални подрачја во   Западно-македонската сеизмогена зона   се: Тетово -Гостивар,
Дебар, Кичево, Пештани -Охрид-Струга и Јужен дел на Охридско Езеро, Дебарца  -Плакенска
Планина, Преспа, Битола и Битола   -Лерин, Крушево и Богомила (Велес). Најдоминантната
хипоцентрална длабочина во Земјината кора, се наоѓа помеѓу длабоч   ините 10 km и 30 km.
Најинтензивната сеизмичка активност главно се врши во епицентралните подрачја: Тетово      -
Гостивар, Пештани -Охрид-Струга, Дебар, Кичево и Илинска   -Плакенска Планина. Раседи
каде се генерираат максималните набљудувани магнитуди се Пештанско         -Петрински,
Илински, Церски, Мавровски и Опенички расед.
      Епицентрални подрачја во Вардарската зона се: Скопје, Куманово, Велес, Св. Николе -
Штип, Градско  -Кавадарци -Неготино, Демир Капија, Мрежишко    -Кавадарци, Валандово,
Гевгелија -Гуменџа и Дојран   -Кукуш. Најдоминантната хипоцентрална длабочина во
Земјината кора, се наоѓа помеѓу длабочините 5 km и 20 km. Н        ајинтензивна сеизмичка
активност главно се врши во епицентралните подрачја: Скопје, Демир     -Капија, Валандово,
Гевгелија -Гуменџа и Дојран -Кукуш.
      Епицентрални подрачја во   Источно македонската сеизмогена зона   се: Пехчево  -
Кресна, Злетово  -Крива Паланка, Кочани, Делчево      -Берово, Струмица и Радовиш.
Најдоминантната хипоцентрална длабочина во Земјината кора, се наоѓа помеѓу длабочините
20 km и 40 km. Сеизмичката активност се одвива долж Плачковички, Кочански и Радови   шки,
Злетовски и Беласички расед во епицентралните подрачја Кочани и Злетово  -Крива Паланка.

      Одредувањето на сеизмогените извори на некоја територија во однос на
максималната очекувана магнитуда на земјотресите односно максималниот
макросеизмички интензитет има посебна важност за оценка на сеизмичкиот хазард за таа
територија.





                                                                              140
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":168}>>>
