<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":165,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=165"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    Слика бр.  23 Подложност кон свлекување, за повратен период на максимално очекувано
    сеизмичко забрзување од 475 години          , Извор: Студија „Природни непогоди и техничко          -
    технолошки хаварии за просторниот план на Република Северна Македонија (2021    -2040)“

       Ерозија и седиментација

      Годишната загуба на почва претставува годишно просечно губење на обработливиот
почвен слој во дебелина од 20 cm на површина од 8,500 ha, што претставува 17,000,000 m      3
загуба на почва секоја година.

      Вкупното годишно производство на ерозивен    материјал (седимент)  , добиено врз
основа на моделирање на ерозија според методот на потенцијал за ерозија (EPM), каде
средниот коефициент на ерозија на ниво на земја е Z = 0.31  изнесува W = 12,900,832 m  3, или
средно годишно специфично производство W  sp= 519 m3/km 2.

      Овие вредности се пониски од оние добиени во картата подготвена пред 30        -40
години со користење на директно мапирање на терен со користење на мислење од експерти
како W = 17,000,000 m  3 и Wsp = 685 m 3/km 2.

      Околу 33.6% од територијата на Државата е зафатена со неприфатлив интензитет на
ерозивни процеси (I, II и III категорија), додека на 11.3% се присутни високи и многу високи
ерозивни процеси. Мерките за контрола на ерозијата со висок приоритет би се спровед  увале
на терени зафатени од I и II категорија на ерозија, додека за терени погодени од III категорија
на ерозија се препорачуваат мерки со низок до среден приоритет.





                                                                              137
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":165}>>>
