<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":164,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=164"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    Слика бр. 22 Регистрирани лавини, луњи и снежни намети, во период од 2005      -2020 година,
    Извор: Студија „Природни непогоди и техничко -технолошки хаварии за просторниот план на РСМ
     (2021-2040)“

      Одрони и свлечишта

       Најчеста појава на одрони има на автопатот Катланово  -Велес, регионалните патишта
Маврови Анови -Дебар-Струга, Битола -Ресен -Охрид, Демир Капија -Удово, Кочани -Делчево,
Виница-Берово, Берово -Струмица, Штип -Неготино и др., локалните патишта М. Каменица    -
Рудник С аса, како и на железничката пруга Гостивар  -Кичево.

      До 2015 година, во Државата се регистрирани преку 500 појави на свлечишта кои на
посреден или непосреден начин ја загрозиле инфраструктурата, нанесувајќи штети од
најразличен обем. Во некои случаи дошло и до загуба на човечки животи (свлечиште Градот,
на патот Маврово -Дебар, Луково Поле, селата во Полошки регион на Шар Планина и др.),
како и големи обработливи површини (Тимјаник) и формирани вештачки акумулации
(Моклишко и Требенишко Езеро).

       Најзначајни фактори за нестабилност се: литолошкиот состав, наклон на теренот,
врнежи, сеизмички услови и користење на земјиштето. Проценката на подложноста кон
свлекување се врши со примена на комбиниран и модифициран метод на арбитрарни
вредности и полин  омна интерполација, при што за секој од факторите се одредува
индивидуален рејтинг, а сумата на индивидуалните рејтинзи го дава вкупниот рејтинг на
подложноста кон свлекување на теренот, кој е основа за креирање на карта на опасност
(подложност) од свлекув ање.




                                                                              136
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":164}>>>
