<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":163,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=163"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Се препорачува методологија за процена на ризик од поплава да се спроведе со
детални хидролошко -хидраулички анализи врз основа на хидролошко  -хидраулички модели
на ниво на сливни површини, детектирани како сливови со висок степен на можност за
поплавување.

      Суши

       Согласно просторната распределба на ранливоста на суша          36, регионите кои се
умерено ранливи на суша покриваат 51,79% од површината на Државата, регионите ранливи
на суша опфаќаат 21,73% и се распространети во централниот и северниот дел на Државата,
како и во Пелагонискиот регион. Региони кои се силно ранливи на   суша се распространети
во централниот дел на само 1,14% од вкупната површина.





    Слика бр. 21 Ранливост на суша на територијата на Република Северна Македонија       , Извор: Atlas
    on Erosion, Drought and Desertification of the Republic of North Macedonia, 2020

      Снежни наноси, лавини и луњи

       Согласно податоците од Центарот за управување со кризи, за случени снежни намети
и лавини во периодот 2005 -2020 година, регистрирани се 70 настани, а во описни податоци
за 14 општини, наведени се 53 предели во кои се случиле настаните, додека за 123 локаци   и
се евидентирани случени луњи. Овие природни феномени претставуваат опасност по
животот и здравјето на луѓето и материјалните добра.





36 Atlas on Erosion, Drought and Desertification of the Republic of North Macedonia, 2020

                                                                              135
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":163}>>>
