<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":161,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=161"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 3.6.5. Природни непогоди  , техничко -технолошки хаварии и воени разурнувања

        И покрај зголеменото разбирање и прифаќање на важноста за намалувањето на
    ризикот од катастрофи како и зголемувањето на капацитетите за одговор, управувањето и
   намалувањето на ризиците и понатаму претставуваат глобален предизвик.
          Елементарните непогоди  32 опфаќаат: природни катастрофи, земјотреси, поплави,
   лизгање на земјиште, снежни лавини, наноси, луњи, уривање и прелевање на високи брани и
    насипи, суша, атмосферски и други непогоди, кои можат да го загрозат животот и здравјето
   на луѓето, или имотот во п оголем обем.

         При третирање на природни или технолошки непогоди за состојба на очекувани
   штети се смета процената на очекуваните штети за настан којшто според актуелното
   познавање на опасноста и изложеноста, со расположливите методологии може да се утврди.
   Проектирана с остојба би претставувала процена на штети за состојба после применети
   мерки за ублажување на ризикот. Науката за третирање на ризик е од понов датум за што
    зборува рамката Сендаи  33 дефинирана во 2015 година. Имајќи го тоа предвид, за поголем
    број од непогодите во нашата Држава недостасуваат национално утврдени методологии за
   процена на опасноста, а оние што се во употреба, не се во склад со најновите трендови.
   Податоците за изложено ст се некомплетни, па дури и оскудни за некои типови на објекти.
    Оттука, процената на ризик е изготвена само за дел од анализираните непогоди, додека за
    останатите се изготвени карти на опасност (хазард), а мерките за намалување на ризиците
    започнуваат со изготвување на национални методологии за утврдување на различни типови
   на ризик и прибирање на податоци за изложеност.

3.6.5.1. Природни непогоди

         Поплави

         Нашата Држава нема официјална стратегија за намалување на ризикот од поплави.
   Имплементацијата на Европската Директива за поплави во националното законодавство е
   спора и недоволна (се проценува дека само 20% од Директивата е вградена). На национално
   ниво д осега се изработени прелиминарни проценки на ризикот од поплави: PFRA           34 за
    Пелагонија (2015); PFRA за сливот на Брегалница (2015); PFRA за сливот Црн Дрим (2018) и
   FRMP 35 за сливот на Струмица (2016), а во фаза на изработка се FRMP за Тетово и дел од
   Полог и за сливот на Горен Вардар.
          Податоците кои се однесуваат на досегашните поплави на територија на Државата не
    се прибираат на соодветен систематски начин, не постојат доволни информации за
    зафатените површини и поплавените објекти, како и причинетите штети и превземените
   мерки во насока на заштита или спречување на идни поплави.

          Сериозни поплави во нашата Држава се случија во 2015 година, во сливните подрачја
   на Црна Река, Брегалница и Струмица, како и во регионот на Полог, кога поради излевање на
    реката Пена поплавен бил урбаниот дел на градот Тетово и околината и во 2016 година,
    поплавата во регионот на Скопје (Гази Баба      -Арачиново) и околните села с.Стајковци,
    с.Смилковци, с.Црешово и с.Арачиново, со 23 жртви и голема материјална штета (целосно
   уништен автопатот на обиколница Скопје).


      32 Единствена методологија за процена на штети од елементарни непогоди (Службен весник на РМ      , бр. 75/01)
      33 Sendai framework for disaster risk reduction (2015  –2030), 2015
      34 Европска директива за проценка и управување со Ризици од поплави (Directive 2007/60/EC).        - Прелиминарна
    проценка на ризикот од поплави (PFRA  -Preliminary Flood Risk Assessment).
      35 FRMP  - Flood Risk Management Plans   - Планови за менаџирање на ризик од поплави

                                                                                  133
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":161}>>>
