<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":159,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=159"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

        а) надворешни причини  - кои се однесуваат на:

      ·   природните влијанија  (климатските услови, температурни промени и природни и
      неочекувани катастрофи);

      ·   влијанија предизвикани од факторот човек  (оштетувања предизвикани од случајни
      и намерни дејствија на човекот, вклучително и несоодветните интервенции на
       институциите за заштита); и

        б) внатрешни причини поврзани со структурата на самата градба,  а се однесуваат на

староста и ослабнувањето на материјалот или конструкцијата на градбата.

      Забележливо е непочитување на типологијата и елементите на автентичната
архитектура, неконтролирана градба и севкупно осиромашување на пределот и културното
наследство. Дополнително, создавањето на нови, често неплански туристички населби во
реоните на пор   анешните села, доведува до губење на просторниот идентитет и
амбиенталните вредности.

      Посебно треба да се нагласи вредноста на природното и културно     -наследство на
Охридскиот регион како светско наследство впишано на Листата на УНЕСКО.

      Иако во Република Северна Македонија има богато и разновидно културно
наследство, истото се соочува со голем број разновидни проблеми, закани и фактори кои
доведуваат неговата физичка состојба секојдневно да се влошува, а неговиот потенцијал да
не може да се користи во развојот на државата. Повеќе комбинирани фактори влијаат кон
континуирано влошување на состојбата и деградација на архитектонско       – историскиот
амбиент, пред се неконтролирана урбанизација, градежната експанзија од нови објекти,
климатските пр омени, а историските градби со изгубена примарна функција претставуваат
напуштени и деградирани објекти кои ја нарушуваат амбиенталната слика на целината.





                                                                              132
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":159}>>>
