<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":158,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=158"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

    локалитети, а останатите добра кои имаат статус на недвижно културно наследство
    припаѓаат во помал број на другите видови културно наследство.

           Покрај добра регистрирани со акт за заштита или ex lege (по сила на закон), законот
    препознава добра за кои основано се претпоставува дека претставуваат културно
    наследство. Вкупниот број на добра евидентирани во евиденциите на надлежните
    институции, изнес ува 6913.

                            Табела бр. 37 Вкупен број на евидентирани добра

                                              од
                                                                                                                                                                      ЕНД
          РЕГИОНИ ВО РСМ                                                                                                                                                                                    Споменички   целини                         Комплекси    религиозен   карактер                      Стопански    комплекси                                  Археолошки    локалитети                 Верски   објекти                Цивилни   објекти              Гробни   објекти                 Вкупно

               Вардарски             1           3          0          730        135       97        9       975
                 Источен              8           2          0          741        74       89        4       918
                Југозападен            3           3          0          729        135      20 7       0      1077
                Југоисточен            0           0          0         529        85       32        0      646
               Пелагониски           62          32         21        1042       399       89        6      1651
              Полошки             11          1          0          261        80       302       0      655
              Североисточен           1           3          0         400        50       42        6       502
                 Скопски             48          6          0          236        15       184       0       489

               Вкупно (1-8)           134         50         21        4668       973      1042      25      6913


3.6.4.2.  Степен на зачуваност на културното наследство

           Состојбата на зачуваност на културното наследство е во зависност од видот на
    добрата, преземени претходни конзерваторско   -реставраторски работи и други мерки на
    непосредна заштита, интензивните процеси на урбанизација, особено во градските подрачја
   и развие ните населени места во руралните средини што во голема мера влијаат на
    загрозување на добрата. И покрај декларативната заложба на сите чинители од областа на
    заштитата на културното наследство и надвор од неа, на државно и локално ниво, мал е
    бројот на кул  турни добра кои се во задоволителна физичка состојба. Конкретните
    програмски задачи на националните установи за заштита во смисла на извршени неопходни
    конзерваторско -реставраторски работи, не се на задоволително ниво.

         Поради материјалната структура и промените на применетите материјали (дрво, тула,
    камен), овие добра се изложени на негативни влијанија како од надворешни фактори, така и
   од притисоците на современата урбанизација кои водат кон загрозување, девастација и
    нивно пропаѓање.

           Постојат повеќе детектирани фактори кои генерално влијаат на културното
    наследство. Развојниот притисок (адаптации, пренамени, индустрија, сообраќај, управување
    со инфраструктурни системи), еколошките притисоци (загадување), природните катастрофи
    (поплави, пожари, земјотреси), запоставување и недостаток на одржување, недостаток на
    финансиски средства, нерешени имотно  -правни односи се само некои од факторите кои
    имаат негативно влијание на вредностите на наследството. Неодржувањето и негрижата за
    културно -историските објекти исто така е причина за конструктивно пропаѓање и структурни
   промени во материјалите. Оттука треба да се разбере неопходноста не само од нивно
    зачувување и физичка заштита, туку и од нивната клучна улога која ја имаат како движечка
    сила и потенцијален ресурс во развојниот процес на Државата и современиот архитектонски
    израз.

           Главните причини за пропаѓање и уништување  на градителското наследство може
    да се поделат во две основни групи:

                                                                                  131
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":158}>>>
