<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":155,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=155"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

3.6.4.  Културно наследство

          Заштитата на културното наследство во просторните планови се утврдува со
   изработка на заштитно  - конзерваторски основи, кои претставуваат документациона основа
   за третманот на недвижното културно наследство во просторните и урбанистичките планови,
   согласно Законот за заштита на културното наследство.

         Културното наследство на нашата држава е препознатливо преку своите специфични
  форми и изрази, како творештво создавано од бројни генерации кои живееле на ова тло и од
   оние кои транзитирале и оставиле траги од други културни средини.





       Слика бр.  18 Надлежности на националните установи за заштита на културното наследство,
        Извор: Заштитно    - конзерваторски основи за подрачјето на опфат на Просторниот план на
       Република Северна Македонија 2021  -2040

         Според актуелната административна организација на Државата територијалната
   надлежност на институциите за заштита на културното наследство не се поклопува со
   границите на планските региони, така што, освен за Скопскиот регион и Североисточниот
   регион каде н адлежноста е на по една институција за заштита, во останатите региони
   надлежноста ја имаат по две институции во зависност од регионот (Пелагонискиот регион       -
   Завод и Музеј  - Битола и Завод и Музеј    - Прилеп, Југозападниот регион    - Завод и Музеј  -
  Охрид и На ционалниот конзерваторски центар   - Скопје, Полошкиот регион  - Националниот
   конзерваторски центар  - Скопје и Конзерваторски центар   - Гостивар, Вардарскиот регион   -
   Завод и Музеј – Штип, Националниот конзерваторски центар  – Скопје и Национална установа
   за управување со археолошкиот локалитет Стоби, Источниот регион     - Завод и Музеј  - Штип
  и Националниот конзерваторски центар   - Скопје, и во Југоисточниот регион надлежноста ја
   делат Завод и Музеј  - Штип и Завод и Музеј  - Струмица.


                                                                                 128
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":155}>>>
