<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":153,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=153"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


                                             Година на
               Заштитено подрачје                              Категорија                Општина
                                            прогласување
       Платаново стебло  - Платан, с. Честево,
 88.                                             2023          ПР      Валандово
      Општина Валандово

 89.   Стамер                                    2019          ПР      Делчево

      Црн Бор Карши Бавчи, Општина
 90.                                             2023          ПР      Кратово
       Кратово

 91.   Црна Дудинка - Лесново                     2019          ПР      Пробиштип

 92.   Чинар – Влашка Маала                       2021          ПР      Охрид

 93.   Чинар – Воска                              2021          ПР      Охрид

 94.   Чинар – Кошишта                           2021          ПР      Охрид

 95.   Чинар – Охрид                             2019          ПР      Охрид

 96.   Чинар – Пензионерско                       2021          ПР      Охрид

 97.   Чинар пред зградата на Црвен крст             2021          ПР      Охрид

       Чинар во Централно градско подрачје
 98.                                             2021          ПР      Охрид
       на општина Охрид

      Поради потребата за заштита и управување со заштитените подрачја или природните
реткости, се воспоставуваат заштитни зони, и тоа: зона на строга заштита, зона на активно
управување, зона на одржливо користење и заштитен појас. Активностите и дејностите кои
се дозволени во заштитните зони, се утврдени со Законот за заштита на природата, актот за
прогласување на заштитеното подрачје или природната реткост, како и во Планот за
управување и Годишните програми кои ги донесува субјектот кој управува со заштитенот    о
подрачје или природната реткост.

      Националната регулатива за заштита на природата во голема мера е хармонизирана
со европското законодавство и ги вклучува обврските од ратификуваните меѓународни
договори од областа на заштита на природата. Во Република Северна Македонија
воспоставени се тр и Рамсарски подрачја  : Преспанско Езеро (1995), Дојранско Езеро (2007)
и Охридско Езеро (2021) заедно со Студенчишко Блато.

      Охридското Езеро е впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1979
година врз основа на критериумите за природно наследство. Во 1980 година, значењето на
Охридското Езеро беше дополнително проширено со вклучување на културно    -историските
вредност и, согласно критериумите за културно наследство. Во 2014 година е прогласен
првиот прекуграничен   биосферен резерват   „Охрид–Преспа“ според критериумите на
програмата на  УНЕСКО  „Човек и биосфера“ на териториите на Северна Македонија и
Албанија. Во 2021 година на Листата на светско наследство на УНЕСКО е вклучена и буковата
шума во клисурата на Длабока Река на Кораб, согласно критериумите на иницијативата
Стари и девствени букови шуми од Карпатите  и други делови на Европа.

      Мрежата Емералд се состои од подрачја од посебен интерес за зачувување (Areas of
Special Conservation Interest) која се воспоставува на територијата на државите договорни
страни на Бернската Конвенција. Емералд мрежата е компатибилна со еколошката мрежа
Натура 2000,  воспоставена од Европската Унија. Во процесот на интеграција кон Европската
Унија, Република Северна Македонија има обврска за   спроведување на двете најзначајни
директиви за природата  – Директивата за живеалишта и Директивата за птици, врз кои се
заснова воспоставување на мрежата    Натура 2000    . Во процесот на идентификација на

потенцијални Натура 2000 подрачја треба да се направи усогласување/надополнување со
прогласените Натура 2000 подрачја во пограничните региони во соседните земји.
Функционална Натура 2000 мрежа е предуслов за членство во Е    У, и во неа ќе се вклучат 35
подрачја со вкупна површина од 752.223 ha (околу 29 % од територијата на Државата     ).


                                                                              127
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":153}>>>
