<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":150,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=150"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

на еколошката мрежа влегуваат системот на еколошки коридори, заштитените подрачја и
подрачјата предложени за заштита, како и Натура 2000 подрачја кои се воспоставуваат
согласно Директивата на живеалишта на ЕУ и Директивата за птици на ЕУ. Новите европски
текови налагаат воспоставување на зелена инфраструктура          30, составена од следните
елементи: јадрови подрачја, зона на ревитализација, зона на одржливо
користење/екосистемски услуги, урбани или полу     -урбани зелени елементи, природни
поврзувачки елементи и вештачки поврзувачки елементи.

      Мрежата на заштитени подрачја на национално ниво вклучува 6 категории на
заштитени подрачја, усогласени со категоризацијата на Меѓународната унија за заштита на
природата - IUCN, и тоа:

        1) Категорија I

               - (Ia) cтрог природен резерват (СПР);

               - (Iб) подрачје на дивина (ПД);

        2) Категорија II  - национален парк (НП);

        3) Категорија III  - cпомeник на природата (СП);

        4) Категорија IV  - парк на природaта (ПП);

        5) Категорија V  - заштитен предел (ЗПр);

        6) Категорија VI  - повеќенаменско подрачје (ПНП).

       Покрај горенаведените категории, утврдена е и дополнителна форма на заштита     –
природна реткост.

      Мрежата на заштитени подрачја вклучува 70 подрачја заштитени со одреден степен
на заштита согласно Актите за прогласување и 1 подрачје            - Студенчишко Блато кое е
заштитено со Решение за привремена заштита, кое ќе се применува до денот на влегување
во сила н а законот со кој ќе се прогласи. Мрежата зафаќа површина од 13,86% (352.136 ha)
од територијата на Државата. Во Република Северна Македонија прогласени се вкупно 27
природни реткости (поединечни или група на стари стебла, пештери или палеонтолошки
локалите ти и др.). Дел од подрачјата од мрежата на заштитени подрачја се категоризирани и
прогласени согласно Законот за заштита на природата („Службен весник на Република
Македонија“, бр.67/04), додека дел од подрачјата се категоризирани согласно Законот за
заштита на природните реткости („Службен весник на Република Македонија“, бр. 41/73,
42/76, 10/90 и 62/93)    -вон сила, и за нив потребно е да се спроведе постапка за
ревалоризација и категоризација согласно Законот за заштита на природата (подрачјата за
кои е пре двидена ревалоризација се означени со симбол * во Табела бр. 35). За подрачјата
кои се заштитени како природно наследство, односно природна реткост, пред донесувањето
на Законот за заштита на природата во 2004 година, важат мерките за заштита и управување
пропишани во актот со кој се прогласени.

                          Табела бр. 35 Мрежа на заштитени подрачја

                                             Година на
               Заштитено подрачје                              Категорија                Општина
                                            прогласување

  1.    Галичица                                  2010         НП      Охрид, Ресен

                                                                                  Гостивар, Дебар, Кичево, Маврово и
  2.    Маврово *                                 1949         НП
                                                                         Ростушe

  3.    Пелистер                                  2007         НП       Битола, Ресен

                                                                          Боговиње, Врапчиште, Гостивар,  Тетово,
  4.   Шар Планина                               2021         НП
                                                                                   Јегуновце, Маврово и Ростушe, Теарце,

  5.    Плоче Литотелми                           2010        СПР 1-а    Кратово


30 Стратегија на ЕУ за зелена инфраструктура

                                                                              124
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":150}>>>
