<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":148,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=148"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 3.6.3.  Заштита на природата

          Концептот на заштита на природата се заснова на утврдување на компонентите на
   биолошката и пределската разновидност и степенот на нивна загрозеност, преземање на
   мерки за зачувување на природните вредности, воспоставување на систем на заштита и
   управување со природата, воспоставување на мрежа на заштитени подрачја, обезбедување
   на одржливо користење на природните ресурси, спречување на активности кои ја
   нарушуваат природата и вградување на услови и мерки за заштита на природните вредности
   при планирање на п росторот.

          Специфичната географска позиција на Република Северна Македонија, како и
    нејзините климатски, геолошки, геоморфолошки, хидролошки и педолошки карактеристики
   ѝ овозможуваат богатство и разновидност на видови и екосистеми и поради тоа е
   препознаена како „жар иште“ за биодиверзитетот на Европа.

3.6.3.1. Биолошка разновидност

         На територијата во Државата се среќава богата флорно   -вегетациска и фаунистичка
   разновидност со присуство на голем број растителни и животински видови, алги и габи,
    растителни заедници и екосистеми. Посебно значење имаат бројни реликтни и ендемични
    видови.

                          Табела бр. 34 Преглед на биолошката разновидност
        на                                                                                                                                                                       црвена                                  птици                                                                              за                                                                                                                                      видови                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                          заштита                                                                                                             видови/                               црвена                          црвена                                                                                                                                                                                конвенција                                                                                                        за                                                                                      видови
                               на                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                               природата                                       Компонента    биолошката     разновидност                               Број    живеалишта                              Глобална  листа                       Европска  листа                                 Национална  листа                                   Директива     живеалишта/                            Бернска                          Закон на                            Ендемити                                  Истребени                   Ретки

     Живеалишта               126                                           68 (16*)        31

      Васкуларна флора         4000                     2                       13          13         270       170       4
      со мовови

      Габи и лишаи             >3300                               213                                  179

     Цицачи                    89          75                     5           41          56          16         1                 3

     Птици                    323          15         29        NA          118         231      78 строго               5       > 14
                                                                                   (прилог I)    (прилог II)   заштитени
                                                                                                       27
                                                                                                     заштитени

     Водоземци                 14                                 13           11          7           8
                                                                                                     заштитени

      Влекачи                   32                                 6           31          25       1 строго
                                                                                                      заштитен

                                                                                                       22
                                                                                                     заштитени

     Риби                   85 видови       26                                 25          20          34        21        2

     Вилински коњчиња      67 видови                  9                        6           4           3

      Тркачи                    580          1          n/a          n/a           n/a          0          38       ~140

     Дневни пеперутки      205 видови                             69           11         8 (II)         39         1                 17

     Водни                   ~ 1650        85         65          n/a           4           3       31 строго     313       1      ~ 300
      макроинвертебрати                                                                             заштитени

                                                                                                       231
                                                                                                     заштитени

      Дијатомејски алги         > 2000
                             видови

         Мрежата на значајни растителни подрачја во Република Северна Македонија опфаќа
   42 подрачја или 18 % од територијата на Државата, мрежата на значајни подрачја за птици
   24 подрачја или приближно 26,9 % од територијата на земјата, а идентификувани се и осум



                                                                                 122
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":148}>>>
