<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":146,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=146"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

снабдувањето со вода. Градските населби во крајбрежјето на природните езера, поради

климатските промени може да претрпат значајни инфраструктурни штети особено поради
поинтензивното менување на линијата на крајбрежниот простор (повлекување или
поплавување) . Порастот на екстремно топлите временски настани може да има влијание врз
бројот на туристи. Најизложени на ризик на ранливост со висока чувствителност се езерскиот

и планинскиот туризам, потоа културниот и руралниот туризам кои се изложени на
определена чувствителност  , додека градскиот и винскиот туризам се изложени на низок

ризик на ранливост со ниска чу вствителност.

      Согорувањето на фосилните горива (јаглен, нафта и природен гас) за        енергија е
главен придонесувач за емисиите на стакленички гасови. Електраните, транспортот и
индустриските процеси ослободуваат значителни количини на стакленички гасови,
задржувајќи ја топлината во атмосферата на Земјата што доведува до глобално
затоплување. Се с  мета дека масовните емисии на стакленички гасови се јавуваат од
почетокот на индустрискиот развој во светот, од 1850 година наваму.

      Во 2017 година е ратификуван Парискиот Договор, со што Државата се обврза да ги
намали емисиите на стакленички гасови и активно да придонесе во глобалната борба против
климатските промени.

Просторна диференцијација на климатските ризици во Република Северна Македонија

      Климатските промени на територијата на Република Северна Македонија не се
манифестираат рамномерно, туку имаат изразена просторна диференцијација во зависност
од географската положба, релјефот, надморската височина, експозицијата, хидролошките
карактеристи ки и степенот на антропогена трансформација на просторот.
Идентификувањето на регионалните разлики во интензитетот и типот на климатските
ризици, е од особено значење за интегрирање на овие сознанија во идните плански одлуки.
      Повардарскиот простор, вклучително и централниот и југоисточниот дел на
Државата , се издвојува како подрачје со зголемен ризик од:

      ·   суши и долготрајни топлотни бранови,

      ·   намалување на летните врнежи,

      ·   дефицит на површински и подземни води,

      ·   деградација и ерозија на земјиштето.

       Овој простор, кој воедно претставува најзначаен аграрно      -продуктивен појас во
Државата, е особено чувствителен на промени во водниот биланс и зголемена испарливост.
Oвие подрачја бараат внимателно управување со земјишните ресурси, оптимизација на
системите за наводнување и ограничување на дополнителна деградација на обработливото
земјиште.
      Источниот дел на Државата, со изразени денудациски и ерозивни процеси               , е
подложен на:

      ·   интензивни краткотрајни врнежи,

      ·   поројни поплави,

      ·   забрзана ерозија и појава на свлечишта.

      Комбинацијата од климатски фактори и веќе нарушен релјефен и почвен систем го
зголемува ризикот од деградација на просторот. Овие подрачја треба да се третираат како



                                                                              120
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":146}>>>
