<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":144,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=144"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

поплави, што го зголемува и ризикот од опустинување на земјиштето и претставуваат

сериозна закана за инфраструктурата и населението.      Дополнително, поради шумските
пожари, се намалува капацитетот за складирање на јаглерод двооксид  (заради зголемување
на опожарените површини), со што директно се зголемува емисијата на стакленички гасови
и доаѓа до влошување на климатс киот баланс.

       Зачестените суши ќе ја загрозат достапноста на  водните ресурси  , што ќе предизвика

последици при снабдувањето со вода. Од регионална гледна точка, најзасегнати се

централен и источен дел од земјата, кој е посушен, со пониски планини и се наоѓа далеку од

влажните западни маси кои доаѓаат од Медитеранот. Протокот на рек   ите во источниот дел
од земјата, се намалува во зима, додека во западниот дел главно се намалува во текот на

летниот и есенскиот период. Во текот на пролетта нема просторна концентрација на

трендови на намалување на протокот. Како најранливи се издвојуваат   сливовите на реките
Струмица, Брегалница, Пчиња и Црна Река.

      Сушите предизвикуваат промени во крајбрежјата на езерата и водните тела.
Повеќегодишните водни тела може да пресушат како последица на спуштање на површината
на зоната на потопување. Водните тела кои зависат од дождовницата исто така може да се
пресушат ка ко последица на продолжени суви бранови, но и да предизвикаат поројни
поплави при екстремни врнежи. Ризикот од вакви поројни поплави е поголем во урбаните
средини со непропустливи површини. Од трите природни тектонски езера, Дојранското и
Преспанското Езер о имаат целосно нарушен билансен режим, кој предизвика голема загуба
на водниот потенцијал и со тоа е загрозен опстанокот на нивните екосистеми. Како
најзагрозено во хидролошка смисла се смета Преспанското Езеро.

       Врз основа на проценките за потребите од вода за наводнување во услови на
климатски промени утврдено е дека намалувањето на врнежите и промената на нивната
временска дистрибуција, како и порастот на температурата на воздухот, може да
предизвикаат зголемува ње на потребите од вода за наводнување на целата територија на
државата.

       Климатските промени влијаат врз клучните   социјални детерминанти на здравјето
на населението   , односно врз квалитетот на воз    ­духот, достапност на безбедна вода за
пиење, обезбедување на доволна количина на храна и безбедно засолниште. Областите со
недоволно развиена здравствена инфраструктура, ќе имаат најмал капацитет самостојно да
се подготват и  да одговорат на климатските предизвици, што дополнително ја зголемува
нивната ранливост и потребата од надворешна поддршка. Влијанието на климатските
промени врз здравјето на луѓето е недвосмислено и истото зависи од многу фактори (на пр.
ефективност на с истемите за јавно здравје и безбедност при справување или подготовка за
однесување при ризик, возраст, пол и економски статус на засегнатите лица). Намалувањето
на емисиите на стакленички гасови преку подобар транспорт, избор на храна и употреба на
енергија може да резултира во подобрување на здравјето, особено преку намалено
загадување на воздухот. Како резултат на појава на поплави може да настане нарушување
на сообраќајниот режим, прекини во транспортот и снабдувањето со намирници, оштетување
на сообраќа јната инфраструктура и тешкотии при нејзиното одржување, како и трошоци за
санирање на евентуални штети. Кај подрачја зафатени од временски екстреми, како резултат
на појава на разни заболувања може да се јави намалена достапност на работна сила. Во
вакви услови постои ризик од промена на пазарните услови како и пораст на цената на
одредени основни животни артикли. Од друга страна, таму каде што постојат активности
поврзани со прилагодување на климатските промени, можна е зголемена вработеност. Како

                                                                              118
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":144}>>>
