<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":140,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=140"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


Р.Бр.     Општина           Комунална депонија         Бодување    Одложен     Класа на ризик
                                                                      отпад [m 3]

38    Кочани          „Белски Пат“                            22.00          300.000   Низок ризик

39    Демир Капија    „Пченични Дупки“                       22.00           101.200  Низок ризик

40     Ресен           „Алчеви кошари“                        22.00          200.000   Низок ризик

41    Дебар           „Кривици“                              22.00          150.000   Низок ризик

42    Пробиштип          с. Неокази (Стрмос)                      22.00            22.000   Низок ризик

43     Кривогаштани    „Ливадски пат“                          21.00             800   Низок ризик

44    Карбинци            с. Крупиште                             21.00              416  Низок ризик

45    Оризари         „Бел Камен“                             20,75             7.000   Низок ризик

46    Долнени             с. Црнилиште                            16,75             1.000   Низок ризик

47     Богданци        „Брданов Камен“                        16,75           50.000   Низок ризик

48    Долнени         „Дебреште“                               15,5              1.300  Низок ризик

49    Миравци        „Караиванови курии“                    15.00             2.000   Низок ризик

50     Дојран           „Декил-тас“                              14,5            40.000   Низок ризик

51    Штип                 с. Пенуш („Трестена Скала“)              12,75             8.000   Низок ризик

52    Ново Село         (стариот) „Шопов Рид“                   12,75           80.000   Низок ризик

53    Облешево           с. Бања („Јаз“)                           12,75             5.000   Низок ризик

54    Липково             с. Никуштак                             12,75            16.536  Низок ризик

      Oсвен општинските нестандардни депонии, постојат и помали т.н. „диви депонии“
(ѓубришта), кои немаат никакви контролни мерки за заштита на животната средина. Овие
ѓубришта обично се лоцирани во предградијата на руралните населби и градовите, речните
корита, долж патиштата, во долините, на падините, во каменоломите, јамите итн. Иако
ѓубриштата најчесто се мали според површината која ја зафаќаат и според волуменот на
депонираниот отпад, некои од нив претставуваат огромен ризик за животната средина
поради разл ичните видови на одложен отпад.

          Табела бр. 33 Број на ѓубришта и волумен на одложен отпад по плански региони

Регион                                  Број на ѓубришта       Површина [m²]        Волумен [m³]

Скопски плански регион                        57                      168.120,00             220.842,00

Полошки плански регион                       74                      503.450,00             1.304.200,00

Југозападен плански регион                    87                        43.455,00               86.899,00

Пелагониски плански регион                   110                       15.248,00               14.595,00

Вардарски плански регион                     28                         3.930,00                 5.240,00

Источен плански регион                        71                         2.662,00                 4.590,00

Североисточен плански регион                  37                        11.748,00               21.881,00

Југоисточен плански регион                    42                      235.000,00         Нема податок

       Согласно податоците обезбедени од надлежните институции, заклучно со 2022
година, постојат 11 руднички депонии: 5 депонии во рудничкиот комплекс Саса, 2 во рудникот
Тораница и по една во рамките на локациите на активните рудници: Бучим      – Тополница,
Добрево - Пробиштип, Суводол и Брод – Гнеотино.





                                                                              115
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":140}>>>
