<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":138,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=138"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

          Иако постои законска обврска, до сега не се изготвени стратешки карти на бучава, кои
   би овозможиле соодветно планирање на идните капацитети во однос на степенот на
    изложеност на бучава.

3.6.1.5. Антропогено влијание врз животната средина и идентификација на контаминирани
        локалитети  - жешки точки и најзагрозени подрачја

         Во Република Северна Македонија, идентификувани се 16 контаминирани
    локалитети со историско загадување      - жешки точки, кои се рангирани според нивната
    опасност по животната средина и здравјето на населението. Во основа, во жешки точки се
    вбројуваат нестанда рдни депонии или локации на кои се одложени отпадни материи од
    работата на рудници, топилници и термоелектрани. Со воведувањето на т.н. еколошки
    дозволи, преземени се мерки и активности кај некои од операторите за намалување на
    загадувањето во животната ср  едина со сериозни финансиски инвестиции. Такви сериозни
    зафати се преземени од операторите на рудниците „Бучим”, „Саса”, челичарницата
    „Макстил”, „Фени” и рафинеријата „Окта”. Поради запирање на производството и
    урбанизација на просторот, кожара „Годел” во Скопје и металската индустрија „Тане Цалески”
    во Кичево не се повеќе на листата на жешки точки. Понатаму, спроведени се активности за
   чистење на малата депонија во кругот на фабриката „ОХИС”, но потребно е обезбедување на
   дополнителни финансиски средства  за санација на целиот простор. Дополнително, потребни
    се активности за чистење и ре -медијација на останатите жешки точки.

3.6.1.6.  Отпад

          Управувањето со отпадот е едно од најзначајните општествени и социјални прашања
    поврзани со здравјето на луѓето и заштитата на животната средина. Според најдобрите
    светски практики, отпадот има и економска вредност, односно може да се користи како
    секундар ен ресурс, со што може да се обезбеди значаен удел во локалната економија. Во
   нашата земја сеуште е доминантен уделот на линеарната економија која се базира на
    „создавање, користење и фрлање” на отпадот, како неискористен ресурс во природата.

          Вкупното количество според категории на отпад во 2022 година изнесува 1 396 958
    тони, од кои 411 552 тони е опасен отпад. Од создадениот комунален отпад (856 766 тони),
    собрано е количество од 605 638 тони. Покрај комуналниот отпад, најголемо е количествот   о
    на создаден отпад во секторите: рударство и вадење на камен    - 496 978 тони (404 989 тони
    опасен отпад), преработувачка индустрија     - 491 332 тони (2 496 тони опасен отпад). Од
    вкупното количество на третиран отпад 1 376 148 тони (409 575 тони опасен отпад                   ),
    количеството на рециклиран или отпад предаден за рециклирање изнесува 563 500 тони (5
    746 тони опасен отпад, 2 083 тони комунален отпад). Од создадениот отпад, 20 811 тони се
    складиран отпад (1 978 тони опасен отпад).

         На територијата на Република Северна Македонија постојат 54 општински депонии
   кои не ги исполнуваат стандардите за санитарни депонии и како резултат на тоа се водат
    како нестандардни (времени), се до изградба на современи регионални центри за
   управување со  отпадот. Анализата на влијанието на нестандардните општински депонии,
    посочува дека постојат три категории на депонии, со висок, среден или низок ризик врз
    животната средина и здравјето на луѓето  27.





      27 Градење на капацитетите за имплементација на ЕУ Директива за депонии          - затворање на нестандардните
    депонии и инспекции, МЖСПП, 2011

                                                                                  113
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":138}>>>
