<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":136,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=136"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

  3.6. Заштита на просторот

 3.6.1. Животна средина

3.6.1.1. Квалитет на воздух

          Согорувањето на горивата во секторот енергетика, согорувачките и производни

   процеси во секторот индустрија и сообраќајот имаат доминантен удел во загадувањето на
    воздухот. Дополнително негативно влијание врз квалитетот на возд   ухот има несоодветното

   управување со отпадот, горењето на земјоделски отпад, големата употреба на биомаса и

   фосилни горива за загревање во домаќинствата и други објекти во зимскиот период, развојот

   на густо изградени урбани области и намалувањето на зеленит  е површини.

           Состојбата со квалитетот на воздухот се следи преку мониторинг на емитираните
    загадувачки супстанци, кој во земјава се спроведува повеќе од 25 години, преку примена на
   современи методи. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот
    воздух (ДАМСКАВ) се состои од 21 фиксна станица за мерење на квалитетот на воздухот. Пет
   од овие станици се поставени во Скопје (Карпош, Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат), две
   во Битола и по една во Велес, Кичево, Миладиновци, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци,
    Струмица, Гостивар, Лазарополе, Гевгелија, Берово, Прилеп и Охрид. Дополнително,
   ДАМСКАВ е опремен со една мобилна станица, која се користи за следење на квалитетот на
    воздухот во општините кои не се опфатени со фиксните станици.

          Трендот кај повеќето загадувачки супстанци меѓу кои и оние кои предизвикуваат
    ацидификација, еутрофикација или претставуваат прекурсори на цврсти честички e
   промелнив, а во последните десет години и опаѓачки. Намалувањето се должи на пониските
   емисии од на малената потрошувачка на јаглен во производството на енергија, запреното
    индустриско производство или воведување на најдобри достапни техники, како и намалена
   потрошувачка на цврсти горива во домаќинствата на сметка на примена на гас и пелети.
   Сепак на одр едени мерни места има надминување на максимално дозволените гранични
   вредности на загадувачки супстанции во воздухот на параметрите кои се следат.

          Загадувањето на воздухот претставува сериозен проблем во поголемите урбани
   центри низ Државата, особено поради бавната имплементација на најефективните мерки во
    различните сектори, кои имаат и највисоки фискални импликации.

3.6.1.2.  Квалитет на води

          Главни извори на загадување на водите се: индустријата, рударството,
    домаќинствата, како и земјоделството и туризмот. Најголем процент на непрочистени
   отпадни води се испуштаат во водотеците и акумулациитe, а останатиот дел во почвата и во
    езерата. Mал про цент од вкупната количина на отпадни води од индустријата и рударството
    се пречистуваат. Од комуналните отпадни води се пречистуваат само 33,4%. Иако постои
    растечки тренд, ваквата состојба во однос на ЕУ барањата е незадоволителна.

         Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места (мониторинг
    станици) на реките, од кои 17 се лоцирани во сливот на реката Вардар, две во сливот на реката
   Црн Дрим и една во сливот на реката Струмица.

          Податоците за концентрациите на загадувачките материи во реките укажуваат на
   променлив тренд. Висока концентрација на БПК5       26 има во одредени години во реките
    Вардар, Црна Река и Брегалница, кои одговараат на води со квалитет од III и IV класа.


      26 Биохемиска побарувачка на кислород

                                                                                  111
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":136}>>>
